Opel Astra првпат со хибриден погон и техника од Peugeot

Новата Opel Astra ќе доживее премиера уште годинава. Риселсхајм ги објави првите слики на коишто се гледаат детали од изгледот на новиот модел. Astra првпат во историјата ќе вози со хибриден погон, а мошне е веројатно дека ќе следи и изведба чисто со погон на струја.

Дизајнерите и инженерите направиле прецизна работа со новата Opel Astra. Секој детал изгледа совршено, секој детал е нов. Секако дека тоа се должи на новата дизајнерска филозофија на Opel, според којашто ќе се раководат и новата Astra и сите модели што ќе следат по неа.

„Со новата генерација на Astra почнуваме ново поглавје што е електризирачко во секој поглед во 30-годипната истгорија на нашиот бестселер од компакт класата. Новата Opel Astra ќе пренесува силна порака и сигурно ќе освои бројни нови клиенти за марката“, најавува извршниот директор Михаел Лошелер.

Како од еден лив: Новиот Opel Vizor соединува високонапредни технологии

Погледот прв го привлекува Opel Vizor, како централен дизајнерски елемент на предниот дел од возилото, што првпат беше применет кај Mokka и доживува стилска разработка кај новата Astra. Носот личи како да е изработен од еден лив. Визорот се шири по целиот преден дел и вклучува напредни технологии, како што се исклучително тенките светла IntelliLux LED.

https://photos.app.goo.gl/boWb2EbhupZAYoar7

Со најновата генерација на приспособливите светла IntelliLux LED што не го заслепуваат сообраќајот отспротива, Opel Astra само најавува цела низа нови технологии што пристигаат со неа во компакт класата. Истата енергичност важи и назад. Името на моделот назад е испишано средишно со одвоени букви. Задниот поклопец остава впечаток со едноставниот изглед, но и со технички совршената изработка.

https://photos.app.goo.gl/mgG7DJWU6HUGgtan9

Целиот кокпит во стакло: Нова генерација на Pure Panel

Врвната прецизност важи и за внатрешноста. Комплетно новиот дигитален Opel Pure Panel ги следи линиите на Opel Vizor во кокпитот. Под површината што е целосно под стакло се наоѓаат два широки дисплеи. Кокпитот се сведува само на најосновното. Малкуте копчиња имаат нов изглед. Целата внатрешност е изработена и дизајнирана да оддава убедлив впечаток за висока завршна обработка и квалитет. Секако и воланот добива нов дизајн. Ергономски седишта уште од претходно се дел од филозофијата на Astra.

https://photos.app.goo.gl/ASC9o5yUgFx4ia4f8

Новата Opel Astra е дизајнирана, развиена и произведена во фабриката во Риселсхајм и ја продолжува моделската офанзива на Opel. Првпат во 30-годишната историја, Astra ќе биде достапан и во изведби со хибриден, но и со чисто елеткричен погон. Производството стартува веќе годинава. Наскоро ќе бидат објавени дополнителни детали и информации за новата генерација на Opel Astra.

https://photos.app.goo.gl/8BtzV47XY3iFE6xf7

Претходна објаваToyota претстојниов викенд ја вози својата 100-та трка во издржливост
Следна објаваБерлин ќе го затвора центарот за бензинци и дизели

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here