за

Toyota претстојниов викенд ја вози својата 100-та трка во издржливост

Постои убава симболика во тоа што Toyota негува традиција во трките во издржливост. Нејзините сериски возила исто се ценат по издржливоста.

Втората трка во тековното првенство во издржливост, што во претстојниов викенд се вози во Портимао, ќе биде стота трка за Toyota Gazoo Racing во оваа посебна дисциплина во мотоспортот. Фабричкиот тим ќе го вози хибридниот хиперавтомобил GR010, конструиран според новите правилници, во осумчасовна трка против новите конкуренти.

Откако победи на првата трка со новите хиперавтомобили во шампионатот во издржливост, на патеката во Спа Франкоршамп, светскиот шампион Toyota Gazoo Racing ќе се соочи со нова конкуренција од Scuderia Cameron Glickenhaus, кои се натпреваруваат во класата LMH, исто како тимот на Alpine. Себастијен Буеми, Казуки Накаџима и Брендон Хартли водат во конкуренција на возачи со GR010 Hybrid со стартен број 8. Возачкото трио составено од Мајк Конвеј, Камуи Кобајаши и Хозе Мариа Лопез, со хиперавтомобилот со стартен број 7 ја завршија првата трка сезонава на третото место.

Портимао е нова патека за светското првенство во издржливост и воедно е 21-ва патека на којашто Toyota вози трка за шампионатот. Јапонците дебитираа на трката 1.000 километри Фуџи во 1983 година, стартувајќи во група Ц со прототипот 83C. Триото Каору Хошино, Кеиџи Мацумото и подоцнежниот победник на Леман, Масанори Секија, во дебито за Toyota го освоија деветтото место.

Toyota напредуваше многу во следните години. На трката во Монца во 1992 година, тимот ја одбележа својата прва победа, со TS010. Оттогаш, Себастијен Буеми се искачил 18 пати на највисокото место на подиумот, повеќе од кој било. Покрај тоа, со вкупно 60 трки, тој има извозено најмногу за Toyota. Нејзините болиди први ја минувале целната линија на 31 од вкупно 99 трки. Победата во Портимао е посебно важна, како 100-та трка во издржливост за компанијата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

аквапланинг сите совети

Внимателно возење при пороен дожд и невреме

Opel Astra првпат со хибриден погон и техника од Peugeot