за

Берлин ќе го затвора центарот за бензинци и дизели

Сенатот на германската престолнина Берлин донесе среднорочен план кој предвидува забрана за пристап на обични автомобили во центарот на градот.

Улици во Берлин преку недела стануваат детски игралишта
Улици во Берлин преку недела стануваат детски игралишта

Во центарот на Берлин се планира за помалку од десет години да биде забранет пристап за возила со бензински или дизел мотор. За понатаму се планира проширување на зоната во којашто ќе биде дозволено да сообраќаат само возила со нулта емисија на штетни материи.

Сенаторката за сообраќај на германскиот град Берлин, Регине Гинтер, од партијата на Зелените, планира центарот на милионската метропола за помалку од десет години да биде забранет за возила со бензински или дизел мотор. „Сакаме во среден рок да огранизираме зона за возила со нулта емисија“, најави Гинтер по седницата на Сенатот, на којашто денес се гласало за пакет мерки за поголема заштита на климата.

Во почетокот се планира да биде опфатено подрачјето во кругот на движење на „штрасенбанот“, трамвајот во германската престолнина. Според Гинтер, во центарот на Берлин ќе се дозволува сообраќај само за електрични возила, односно барем за возила со електромотор во погонот. Бензинци и дизели се табу.

По организирањето зона со нулта емисија на штетни гасови најдоцна до 2030 година, следен чекор ќе биде проширување на зоната на целата територија на Берлин. До крајот на деценијава се предвидува и целиот возен парк на покраинските власти да се префрли на електричен погон. Берлин беше прв германски град што во декември 2019 година прогласи „вонредна состојба на климата“.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel Astra првпат со хибриден погон и техника од Peugeot

kia ev6

Електричната Kia се распродаде за еден ден