Електричната Kia се распродаде за еден ден

kia ev6

За специјалната серија First Edition од електричната Kia EV6 дополнително беа понудени три опции – поставување домашен полнач, 1 мегаватчас кредит за полнење во јавната мрежа или Apple Watch за поврзување со услугите Kia Connect. Над 80% од идните сопственици избрале домашен полнач.

Три бои на каросеријата можеше да се избираат за Kia EV6 First Edition – секако, познатата Urban Yellow, во комбинација со црни седишта, Glacier (бела) со темнозелени седишпта и Steel Gray Matte со црни седишта. Единствено примероците од специјалната серија се достапни со каросерија во Urban Yellow, односно со темнозелени седишта, во случај на бела боја за каросеријата.

Специјални детали во внатрешноста се осветлените прагови со натпис „First Edition“, плочка со серискиот број на возилото, проекциски дисплеј со збогатена реалност, далечинско паркирање, сончев покрив, тркала од 20 инчи и премиум озвучување Meridian. Во поглед на погонот, возилата од серијата располагаат со по еден електромотор на секоја оска и батерија од 77,4 kWh.

Претходна објаваБерлин ќе го затвора центарот за бензинци и дизели
Следна објаваКупе-лимузина се придружува на купето и кабриолетот во серијата 4 на BMW

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here