за

Купе-лимузина се придружува на купето и кабриолетот во серијата 4 на BMW

Купето со четири врати од серијата 4 на BMW не прави ништо лошо. Напротив, Gran Coupe од средната класа им додава практичност и функционалност на познатите доблести на серијата 3 – перформансите и возните својства.

Дежурните критичари за секоја каросериска форма што не е лимузина или СУВ, можеби ќе бидат изненадени, но успехот на претходната генерација на купе-лимузината Gran Coupe од серијата 4 воопшто не остави простор за двоумење, дали Минхен да пушти нова генерација од моделот.

Купето со четири врати се придружува во новата серија 4 на BMW. За втората генерација на Gran Coupe од серијата 4, Баварците ветуваат зголемена динамика, поостар дизајн во новиот стил на марката, уште поубедлив премиум впечаток во кабината и новини во ракувањето и вмрежувањето.

Големиот заден поклопец за брз и најлесен пристап до багажникот и едноставното седнување на задната клупа, се главните одлики и аргументи на Gran Coupe, наспроти купето и кабриолетот од серијата 4. Планираниот старт на испораките е во ноември. Прват во Gran Coupe ќе биде достапен и модел со знакот на BMW M GmbH. Моделите од серијата 4 се произведуваат на истата лента во Минхен со електричната купе-лимузина BMW i4, секако заедно со лимузината и комбито од серијата 3.

Купето со четири врати е долго 4.783 милиметри, широко 1.852 милиметри и високо 1.442 милиметри. Должината порасна за 143 mm во споредба со претходникот (+27 mm во ширина и +53 mm во висина). Ширината на трагата на предната оска исто е зголемена за 50 mm, додека назад има +29 mm повеќе раздалеченост меѓу тркалата. Меѓуоскиното растојание е 2.856 mm (+46 mm). Багажникот располага со 470 литри, што е за 39 литри повеќе од претходно. Со соборување на триделната клупа се добиваат 1.290 литри.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Со вклучувањето во понудата на перформанс-модел под знакот на M GmbH, Баварците укажуваат дека и Gran Coupe е исто способно колку купето и кабриолетот. BMW M440i xDrive Gran Coupé располага со шестцилиндрарец со 374 КС. Под него е BMW 430i Gran Coupé со нов дволитарец со 245 КС, со интегрирана издувна гранка во главата на моторот. Дволитарецот во BMW 420i Gran Coupé постигнува максимално 184 КС. Дизел со 190 КС работи во BMW 420d Gran Coupé и во BMW 420d xDrive Gran Coupé.

Моторот во BMW M440i xDrive Gran Coupé и во дизел-моделот е комбиниран со благ дизел, со 48-волтен стартер-генератор што помага при поаѓање и забрзување со 11 КС. Осумстепен автоматик е стандард во сите моделски изведби. Опција е спортски Steptronic, кој е стандард кај M440i xDrive Gran Coupé.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

kia ev6

Електричната Kia се распродаде за еден ден

Apple преговара за батерии за својот електричен iCar