Производителот на камиони Navistar наскоро треба да стане дел од концернот Volkswagen. Компанијата неодамна била жртва на сајбер-напад.
Во хакерскиот напад се украдени податоци од ИТ-системот, како што се наведува во соооштението до берзанскиот надзорен орган СЕЦ. Надворешни експерти ги утврдуваат големината на штетата и последиците од нападот.
Американските судови исто така се запознаени со случајот, стои понатаму во соопштението. Navistar уште на 20-ти мај добил сериозна закана. Компанијата веднаш презела мерки за заштита и спровела истражување. На 31-ви мај биле добиени знаци за можна кражба на податоци. ИТ-системот и натаму дејствува непречено.
















