за

Електричните автомобили ги качија акциите на производителите

Акциите на европските производители на автомобили и на добавувачите се пред нов рекорд. Постои причина за растот на акциите.

Bechtle Volkswagen ID 3

Автомобилските компании се миленички на инвеститорите. Масовното преоѓање на електрични автомобили во браншата и подобрувањето на условите за стопанисување по корона-кризата, претставуваат најголеми двигатели за позитивниот тренд на индексот на европските производители на автомобили.

Индексот на европската автомобилска бранша денес го продолжи позитивниот тренд и забележа раст од 0,6 проценти. Недостига само уште малку за браншата да постави нов рекорд и да ја надмине вредноста од 2015 година.

Акциите на еден од главните добавувачи на браншата и производители на гуми денес пораснаа за дури 1,4 процент. Според аналитичарот Дејвид Лесни од UBS, акциите не реагирале прекумерно на силниот прв квартал, па се предвидува дека нивната вредност допрва ќе достигне 160 евра. Акцијата на Conti моментно чини 131 евра.

Меѓу трите производители на автомобили што котираат на Dax, најдобра вредност има BMW, со раст од еден процент. Тоа е најдобра вредност по 2018 година. Следат акциите на Daimler со раст од 0,6 процент, што исто така е најдобра вреднсот по 2015 година за концернот од Штутгарт. Според еден извештај, Daimler ќе го смали бројот на сопствени дилери во Европа, со цел да се намалат фиксните трошоци. Шефот Ола Келениус конкретно планира да ги продаде дилерствата во Велика Британија, Шпанија и Белгија.

Расте вредноста на хартиите и на Volkswagen, за 0,2 процент. Во рамките на концернот, најмногу се издвојуваат акциите на холдингот Porsche, кои денес првпат по 2008 година ја надминаа вредноста од 100 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen traton navistar lonestar

Хакери го нападнале производителот на камиони Navistar

Новиот Sportage е уште еден дизајнерски потфат на Kia