BMW предвидува претежно сончево време

Во следните години марката од Минхен ќе се посвети на каросериите што се измислени за уживање во возењето, особено при убаво време. Според тоа, иднината на BMW не предвидува само спортски теренци и ексцентрични модели скроени од неколку различни каросерии, туку и класични форми, како кабриолети и купеа.

Принципот е познат: Со изведувањето на повеќе каросериски изведби од една иста платформа се смалуваат трошоците за развој на истата, односно како втора опција, за истите пари може да се направи уште подобра техника.

Во серијата 2, по две години ќе има кабриолет. Посебноста ќе биде во тоа што идната серија 1 ќе има преден погон, додека серијата 2 ќе го задржи задниот погон од актуелната Единица. Тоа значи дека поскапите верзии од серијата 2 во иднина ќе ја користат старата техника. Во споредба со серијата 1 ставен е поголем нагласок на носот и на линиите, со што возилото изгледа попластично и помоделирано.

Купето од серијата 2 ќе биде крунисано со модел М. Неговите перформанси ќе бидат уште поубедливи од оние на топ моделот M235i, за да се оправда ознаката М2. Високата моќност ќе се обезбеди со користење на компоненти од идниот М3. BMW уште не открива официјално кога ќе биде стартот на серијата 2, но треба да се очекува тоа да се случи уште догодина.

BMW_M2

Купето од серијата 4 го има на визир Audi A5 и ги користи традиционалните белези на купеата на BMW, како долга хауба, кус опаш, наназад поместена кабина и нагласени задни крила. Предниот дел се раководи според актуелната серијата 3, со таа разлика што предимензионираните отвори за воздух во браниците визуелно го рашируваат возилото.

BMW_4_Coupe

Чекањето е најдолго за новиот Z4, чија премиера се очекува најрано во 2015 година. Останува ориентацијата на комфор, како кај сегашниот модел. Кој сака вистинско чувство на родстер, во иднина ќе може да го избере помалиот и поевтин Z2.

BMW_Z4

Претходна објаваOpel развива 13 нови мотори
Следна објаваCayenne со свежа лутина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here