Каде е вината за кобната незгода со Tesla во САД?

Tesla Model 3 е шести најпродаван автомобил во САД

По незгодата што се случи со Tesla, за којашто се покажува дека вооопшто немало човек зад воланот, шефот на компанијата Илон Маск исклучува поврзаност со „автопилотот“ што се вградува во возилото.

Во објавата на својот профил на твитер, основачот на Tesla напиша: „Снимените податоци што стојат на располагање во моментов, покажуваат дека автопилотот не бил вклучен“. Тоа е првата реакција од компанијата за незгодата во американската сојузна држава Тексас, во којашто двајца мажи го загубија животот.

Незгодата во којашто Tesla со двајцата патници во возилото удри во дрво, со објавата на Маск станува уште помистериозна. Според досегашната истрага, полицијата е „речиси 99,9 проценти сигурна“ дека при судирот никој не седел зад воланот. Соопштението на полицијата го објави „Вол Стрит Журнал“. Еден маж седел на совозачкото седиште, другиот маж седел на задната клупа. Автомобилот изгорел.

Проценители на агенцијата NTSB, којашто учествува во истраги за авионски незгоди, во понеделникот пристигнале на местото. Незгодата поттикна нови дискусии околу системите што треба да заштитат од злоупотреба на автопилотот во возилата на Tesla. На друштвените мрежи се објавени илјадници снимки на коишто се гледа како возачи се преместуваат од возачкото седиште додека возилото е во движење.

Во претходните судири, од Tesla соопштуваа точно колку секунди пред судирот било последен пат маневрирано со воланот. На таа тема често се водеа спорови меѓу производителот на електрични автомобили и меѓу агенцијата NTSB, околу користењето на податоците од возилото.

Маск во својата објава посочи и дека на патот немало обележано ленти, а во тој случај не може да се активира автопилотот. Tesla им нагласува на своите клиенти дека автопилотот е само систем за асистенција и поради тоа возачот мора постојано да ги држи рацете на воланот. Доколку возачот не постапува така, возилото по кусо време пушта предупредувачки звуци.

Tesla и Илон Маск постојано укажуваат дека според статистиката се случуваат значително помалку незгоди, кога се вози со вклучен автопилот. Во возилата во САД наскоро се очекува да биде воведена функцијата на автоматско препознавање на светлата на семафорите и на сообраќајните знаци, како и почитување на правилата на предимство во град. Извесен круг клиенти моментно ја тестира бета-верзијата на софтверот.

Следниот степен на развој на автопилотот на Tesla се води под името „Full Self-Driving“. Системот ќе се вчитува во возилото по цена од неколку илјади долари. Иако името кажува инаку, тоа и натаму не е систем што може целосно да го замени возачот.

>>> Илон Маск барал Херберт Дис да работи за Tesla пред да стане VW-шеф

Претходна објаваЗа концернот Daimler кризата одамна е надмината
Следна објаваЕУ лани имала 4.000 помалку загинати во сообраќај

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here