За концернот Daimler кризата одамна е надмината

Mercedes лани продал 2.528.349 автомобили и комбиња

Деловните резултати на концернот Daimler одушевуваат, вредноста на акциите на берзата расте постојано, а како врв се постигнува голем напредок и во електромобилноста. По неколку кризни години, во мајчинскиот концерн на Mercedes повторно сé оди како подмачкано.

Автомобилската сцена доживеа големо изненадување во петокот, кога Daimler ги објави деловните резултати за првото тромесечје. Оперативната заработка од јануари до март изнесува 5,75 милијарди евра. Тоа е повеќе од кој било прв квартал во историјата на концернот.

Дури и во рекордната 2017 година, Daimler немаше толку успешен прв квартал. Во споредба со истиот период лани, кога пандемијата стави сé во мирување, растот во првото тромесечје годинава изнесува 832 проценти. Дел од негативниот биланс тогаш се должеше и на отплатите на казни за дизел аферата, како и на преструктурирањето во Штутгарт.

Чистата заработка во автомобилскиот сегмент изнесува 14,3 проценти од остварениот промет. Деталните резултати ќе бидат објавени на 23-ти април.

Една од главните причини за големиот раст на профитабилноста се наоѓа на неколку часови лет од Штутгарт – во Кина. Daimler профитира од економскиот раст на најважниот пазар повеќе од кој било друг производител од премиум сегментот во светски рамки.

Марката со сребрената ѕвезда води во Кина пред BMW и Audi, а воедно постигнува и високи маржи. Само во Кина, продажбата на Mercedes-Benz во првиот квартал пораснала за 60 проценти, на повеќе од 220.000 возила. Продажен хит е новата S-Class, којашто таму стартуваше во септември.

Целта возилата со електрифициран погон на Mercedes да надминат 50% во продажбата може да се достигне и многу порано од 2030 година

Daimler цели неговиот автомобилски огранок до 2030 година да достигне удел на моделите со електрифициран погон од преку 50 проценти во вкупната продажба на возила. Тоа се однесува на чисто електричните модели и на моделите со хибриден погон. Шефот Ола Келениус наговести дека тоа може да се случи и многу поскоро, имајќи ја предвид големата побарувачка за тие автомобили.

Критичарите долги години префрлуваа дека Daimler предолго веруваше во златната иднина на бензинските и дизел моторите и дека го преспива развојот на електричните автомобили. Швеѓанецот на челото на Штутгарт во меѓувреме успеа да се вклучи во трката за врвот.

Сето тоа влијае одлично врз берзата. Вредноста на акциите на Daimler бележи постојан раст веќе неколку месеци. Mercedes штотуку го претстави електричниот знаменосец EQS. Цените уште не се објавени, продажбата стартува веќе летово.

Mercedes EQB е електричен СУВ за големи семејства

Претходна објаваPeugeot 2008 избран за СУВ на годината во Украина
Следна објаваКаде е вината за кобната незгода со Tesla во САД?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here