за

Peugeot 2008 избран за СУВ на годината во Украина

Peugeot одлично ја започна годината во Украина. Француската марка вторпат во низа освојува една од најценетите награди во изборот за Автомобил на годината.

По минатогодишното прогласување на Peugeot 508 за Автомобил на годината во Украина, годинава следи уште една титула за Французите. Peugeot 2008 е избран за најдобар СУВ за 2021 година. Жирито даваше најмногу гласови за технологијата и за динамичноста.

На манифестацијата во Киев што се пренесуваше онлајн, Peugeot 2008 е прогласен за Најдобар СУВ за 2021 година. Гласовите доаѓаа од украинските читатели и од автомобилските новинари. Со шест победи на најпрестижниот избор на автомобил на годината во Европа, на традиционалниот Car of the Year, марката Peugeot редовно освојува високи места и на изборите што се организираат на национално ниво.

Победата за Peugeot годинава е уште поубедлива, затоа што доаѓа по триумфот на 508, кој лани ја освои титулата на Автомобил на годината во Украина. Peugeot 2008 годинава победи во конкуренција на нови СУВ-модели од Б-сегментот на украинскиот пазар, со 9,7% удел во вкупниот број гласови.

Во изборот годинава учествуваа 44 автомобили, во осум категории. Се избираа најдобар патнички автомобил и најдобар кросовер / СУВ за 2021 година. За најдобриот модел во секоја од осумте категории решаваат читателите, преку онлајн-гласање. Автомобилските новинари и читателите избраа исто, наградувајќи го Peugeot 2008 со насловот на Најдобар СУВ на годината.

Тоа што најмногу го издвојува Peugeot 2008 на целата автомобилска сцена е неговиот дизајн. Компактниот СУВ лани ја освои и ценетата награда Red Dot, којашто спаѓа меѓу најстарите и најверодостојни избори за дизајн во светот.

Дел од посебното чувство во Peugeot 2008 секако е i-Cockpit, со компактен волан, голем дисплеј на допир со висока резолуција и со иновативни дигитални иструменти што ги прикажуваат информациите во повеќе нивоа, создавајќи 3D-ефект.

Целата гама на моделот ја заокружува изведбата со погон на струја e-2008, со електромотор со 136 КС и со реален досег до 320 km.

>>> Патуваме со Peugeot низ Мариово: Тиквеш, рудници, мистерии, глетки за паметење

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi со четири светски премиери на салонот во Шангај

Mercedes лани продал 2.528.349 автомобили и комбиња

За концернот Daimler кризата одамна е надмината