Во фабриката на Smart ќе се произведува ретро Land Rover

Во фабриката на Smart ќе се произведува ретро Land Rover
Инеос ја презеде поранешната фабрика на Даимлер во Хамбах, каде што се произведуваше Смарт

Првично фабрика за Smart, во иднина фабрика за теренец со стил верен на оригиналниот Land Rover Defender, во кого што ќе работат мотори од BMW.

Многу историја во најмалечката категорија автомобили. Двоседот Smart првично беше идеја на Николас Хајек, изумител и бизнисмен што го создаде Swatch, своевремено со идеи што дури пред неколку години почнаа да се реализираат. Швајцарецот имаше замисла малечките Smart да бидат достапни во стаклени кули, од кои заинтересираните корисници можеа да ја изберат саканата комбинација од бои и со возилото да минат одредено време, по потреба, за потоа да го вратат во кулата и комотно да платат за користењето. Тоа е принципот на car-sharing, во тоа време повеќе познат како CarPooling.

По бројни меѓупоглавја, Daimler AG го подржа концептот и започна со производство на Smart во Франција, во Хамбах, близу границата со Германија. Во меѓувреме, условите се сменија, Mercedes-Benz AG во иднина ќе го произведува Smart во Кина. Марката се специјализираше за електричен погон, Кина е топ-пазар за тој погон, повеќе не е проблем автомобили произведени во Кина да се продаваат баде било низ светот – коцките се поклопуваат.

Нов сопственик на фабриката е британската компанија Ineos Automotive. Производството на класичниот Smart со две седишта, секако со погон на струја, ќе продолжи и во следните години во француската фабрика. Според соопштението, нема промени во бројот на вработувања, моментно 1.300 позиции. Средствата од продажбата на smart France S.A.S. ќе се користат за вложување во електромобилноста во рамките на Daimler AG.

>>> Британци сакаат да ја купат фабриката на Smart

Land Rover го изгуби спорот околу дизајнот на Defender
Land Rover го изгуби спорот околу дизајнот на Defender

Фабриката во регионот на Лотринген беше пуштена во работа на 27-ми октомври 1997 година, од тогашниот гранцуски претседател Жак Ширак и германскиот канцелар Хелмут Кол. Производството стартуваше во 1998 година. Пред осум години, Хамбах беше прва фабрика во Европа што стартуваше со производство на електрични автомобили, паралелно со моделите со обичен погон. Од 2019 година се произведуваат smart EQ fortwo и smart EQ fortwo Cabrio, со електричен погон. Од фабриката во Хамбах досега излегоа над два милиони возила.

>>> Како мини-марката smart стана милионска марка

Претходна објаваToyota го произведе четиримилионитиот Yaris во Европа
Следна објаваВрвен готвач доставува храна со олдтајмер BMW

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here