Гостите во рестораните и кафулињата што работат во BMW Welt се прочуени по врвните специјалитети. Можноста во исто време да се ужива во центарот на омилената марка и во вкусна храна добива нова димензија во последниот месец од годината. Готвачот со две ѕвезди Боби Броер подготви специјално мени за декември за рестораните во „светот на BMW“, а еднаш дневно лично врши испорака директно до домот на среќните добитници – со историски автомобил од вредната колекција на BMW Group Classic.
Врвен готвач што шефува во ресторанот EssZimmer by Käfer во центарот BMW Welt во Минхен, за време на викендите, до крајот на годината нуди ексклузивно четириделно мени „Bobby to Go Bon Appétit“. Во годината кога светот е во полициски час, во баварската марка се посебно инвентивни, па смислија услуга за своите клиенти, што нарачуваат храна за достава од рестораните кои работат во рамките на BMW Welt. Еднаш дневно, шефот Боби Броер лично ја врши доставата, со вреден олдтајмер од фабричката колекција на BMW. Ждрепка решава кому ќе му биде доставена нарачката на овој начин.
Гурманите ќе бидат почестени од врвно подготвената храна за две лица: Се почнува со чаден лосос Ора Кинг, по што следи крем супа од костени. Како главно јадење се послужува динстуван телешки грб, а за врвот на уживањето се задолжени карамел-тарт со тахити-ванила. Испораките се ограничени само во подрачјето на Минхен. Секако постои и можност за лично да се преземе храната од ресторанот Bavarie во рамките на BMW Welt. Цената: 90 евра по човек.
https://photos.app.goo.gl/dpTnY3ctXBLopF5i8
















