Cadillac произвел илјада примероци од лимузината од средна класа CT4, со моделска ознака што воопшто не одговара на моторот во возилото.
Наједноставниот и најбрз начин да се зголеми моќноста на автомобилот е на задниот поклопец или на маската да се залепи амблем од типот на M, AMG или RS. Постои и спротивен случај, кога сопствениците намерно ја заменуваат ознаката со послаб модел. Во тој случај следат непријатни изненадувања, кога некој ќе се обиде да го престигне „слабиот“ автомобил.
Некогаш и самата фабрика може да се погрижи за забуната. Таков беше случајот со Cadillac. Место со вистинската ознака 500T, илјада примероци од моделот CT4 добиле ознака што укажувала на послаб мотор. За овој несекојдневен случај да биде уште понеобичен, утнатата ознака воопшто и не постои во гамата на моделот, па ниту во понудата на целата марка.
Од почетокот на годинава, Cadillac ги означува моделите според вредноста на вртежниот момент на моторот во њутнметри. Ознаките се заокружуваат на 50. Гамата на CT4 се состои од три модели со дволитарец, со ознака 350T, како и од два модели со 2,7-литарски четирицилиндарец, кои соодветно имаат ознака 500T или V во случај на топ-моделот. Конкретниот модел 500T располага со 314 КС и со 475 њутнметри. По грешка, на овие возила била залепена ознака 450T.
Уште е нејасно како се случила грешката и како воопшто се случило утнатите ознаки да доспеат во производство. Сопствениците на Cadillac CT4 500T на коишто им пречи на возилото да имаат ознака за послаб мотор, можат бесплатно да ја заменат истата во сервисните работилници во САД. Моделот не се нуди официјално во Европа.
>>> Chevrolet и Cadillac се „главни“ во овие филмови

















