Scania има нов клиент за своите мотори. Италијанскиот производител на руднички дампери Perlini користи мотори од Шведска за своите најнови модели.
Рудничкиот кипер DP 405WD со товарен капацитет од 40 тони користи 13-литарски мотор со шест цилиндри во линија и со моќност од 550 КС (405 kW). Во поголемиот модел Perlini DP 705WD со капацитет за 65 тони се вградува соодветно поголем мотор. Таму работи 16-литарски мотор V8 со моќност до 756 КС (566 kW).
Изборот паднал на моторите на Scania затоа што „тестовите на нашето техничко одделение покажаа дека новите мотори на Scania постигнуваат одлични резултати во поглед на потрошувачката на гориво, моќноста и емисијата на штетни материи“, пишува во соопштението од италијанскиот специјалист.
Дамперите се користат првенствено во каменоломи, рудници, фабрики за цемент и леарници. Perlini испорачува возила за Блискиот и Далечниот Исток, Африка, Океанија, Јужна Америка и во повеќето европски држави.
https://www.instagram.com/p/CDgEbgClv5n/
https://www.instagram.com/p/B5-3vsHJ8Ij/
















