186 возачи спасени од казна поради грешка на белгиската полиција

Поради грешка на белгиските полицајци 186 возачи ќе минат неказнето за пребрзо возење. Сите овие возачи биле фатени на радар, но службениците напишале погрешна улица.

Полицијата го следела сообраќајот на делница што води кон автопатот, но при подготовката направила грешка во извештаите, наведувајќи го името на соседната улица. Сите прекршители во сообраќајот сега ќе добијат писмо во кое што ќе бидат известени дека казната им е поништена. Меѓу брзите возачи имало и таков што на пат со дозволени 50 километри на час летал со брзина од дури 104 километри на час.

Претходна објаваDacia ја спаси продажбата на Renault
Следна објаваНови проблеми за чудесниот електричен автомобил Tesla

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here