Донацијата од Volkswagen е наменета за проектите за повторно пошумување по уништувачките шумски пожари во западна Австралија.
Австралија се соочуваше со најлошите шумски пожари на сите времиња во црното лето 2019/20. По уништувачките пожари во почетокот на годината, Volkswagen донира еден милион австралиски долари (околу 617.000 евра) во проекти за повторно пошумување во Австралија. За „Проект за еден милион дрвја“ во природниот резерват Јурарди во западна Австралија се наменети 250.000 долари, додека остатокот е за обновувањето на резерварот Скотсдејл во Нов Јужен Велс.
Поддршката е дел од програмата за донирање во вкупна висина од 2,5 милиони австралиски долари, што Volkswagen ги вети како помош по шумските пожари во почетокот на годинава.
Со средствата од донацијата ќе располага Bush Heritage Australia, како независна национална организација за заштита на домашната флора и фауна. Таа располага со 37 природни резервари со вкупна површина од 1,24 милион хектари. Организацијата помага во управувањето со уште десетина милиони хектари преку своите 25 абориџински партнерства.
















