Mercedes започнува со испораки на електричниот eSprinter

Mercedes започнува со испораки на електричниот eSprinter

Компанија за логистика ќе користи седум возила од електричниот Mercedes eSpriner за достава на пратки во германските градови Берлин и Нирнберг.

Станува збор за фургонска изведба на eSprinter со дозволена вкупна тежина до 3.500 килограми и со батерија од 47 kWh, со којашто се постигнува досег до 168 километри. Носивоста изнесува 891 килограми. Техниката на Mercedes eSprinter дозволува користење брзи полначи, на кои наполнетост од 80% се постигнува за 25 минути. Товарниот простор од 11 метри кубни останува непроменет, затоа што батеријата е во подот. Електромоторот ги движи предните тркала, постигнува моќност од 85 киловати (115 КС) и максимален вртежен момент од 295 њутнметри.

Електричниот погон е погоден за подрачјето на примена на доставните возила во град. Се возат куси релации, со бројни запирања и поаѓања, при што eSprinter се покажува во најдоброто светло. Компанијата DPD што ќе ги користи возилата, веќе има поставено полначи во своите депоа.

Доставата е планирана на таков начин што не е потребно дополнување на батеријата. За полнење се користи зелена струја – компанијата DPD од почетокот на годината на целата територија на Германија користи струја од обновливи извори.

>>> Mercedes 190 уште пред 30 години возеше на струја

Претходна објаваОвие велосипеди чинат колку автомобил
Следна објаваVolvo продаде 60.000 возила во јуни, повторно расте во САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here