Овие велосипеди чинат колку автомобил

Овие велосипеди чинат колку автомобил
Овие велосипеди чинат колку автомобил

Кај велосипедите постои граница. Кој бара солидна техника и финеси во детали, мора да посегне по модели на велосипеди што стартуваат од 700 евра нагоре. Вонсезонски акции и други видови погодности може да ја потспуштат таа вредност. Но, овојпат нé интересираат велосипедите чијашто цена може да достигне десетпати над спомнатиот почетен праг. Следат неколку избрани модели од врвот на понудата, кои велосипедистите особено ги ценат.

Градски велосипеди: Спортски и елегантни

https://photos.app.goo.gl/vWnZDLweLyJw8XQF9

Ако се бара спортски и елегантен велосипед за возење низ градот, MTB Cycletech Tool P е создаден точно по мера. Степените се менуваат преку централен менувач од Pinion, а преносот на силата го презема ременски погон од Gates. Оваа комбинација се одликува со исклучително мала потреба за одржување, затоа што ременот не бара чистење, а уште помалку бара подмачкување во секојдневието. Посебноста е во тоа што вилушката е права, а тоа обезбедува директно и спортско чувство при управувањето. Концептот на брзата градска ракета го дополнуваат диск сопирачки и безпрофилни, лесни гуми Kojak од реномираниот Schwalbe. Цена: Околу 3.000 евра.

Електрични велосипеди: Дизајн во спој со техника

https://photos.app.goo.gl/s2qyh1c4rUo7vA8n7

Швајцарскиот производител Flyer е пионер на електричните велосипеди во Европа. За одбележување на 25-годишнината, компанијата нуди специјален модел во ограничена серија. „Upstreet 5 Anniversary Edition“ е ограничен на 1.000 примероци и лакиран е во впечатлива сребрена боја. Со тоа одат посебно одбрани компоненти, кои оддаваат ретро-шарм, но од техничко гледиште се сосем во чекор со времето. Погонот е со електромотор од Panasonic, а степените се менуваат преку електричен менувач од Rohloff. Ексклузивниот е-целосипед чини 7.500 евра.

https://photos.app.goo.gl/vaZ83Ry1y9MvFNzJ9

Во сегментот на луксузни електрични велосипеди спаѓа и „Superdelite GT Rohloff HS“ од производителот Riese & Müller. Електромоторот тука асистира до 45 km/h, а за поголем комфор и за повеќе безбедност во возењето, велосипедот е опремен со пневматска амортизација од Fox. Во конструкцијата е предвидена можност за лесно преоѓање на погон преку ремен. За подолг досег, брзиот електричен велосипед е опремен со интегрирана двојна батерија. Цените почнуваат од 8.500 евра. Со сите додатоци што може да се нарачаат, заедно со посебната услуга RX (со GPS, осигурување од кражба и абење), ова „возило“ доаѓа блиску до 10.000 евра.

Планински велосипеди: Напредокот мора да се награди

https://photos.app.goo.gl/M5jLipojegecMc656

Карбонската рамка на новиот Scalpel од познатиот Cannondale тежи зачудувачки 1.900 грами – заедно со амортизерите! Тоа е една од најлесните рамки за планински велосипеди со целосна амортизација, што се произведени досега. За подобри возни својства на тежок терен се грижат најразлични иновации во амортизацијата и во конструкцијата на рамката, меѓу кои и „Flex-Pivot“. Во варијантата „Scalpel Hi-Mod Ultimate“ што претставува реплика од моделот за светскиот куп, планинскиот велосипед чини 11.500 евра. За таа цена се добиваат најквалитетните компоненти: Менувач со радио врска од Sram со 12 степени, гуми од 29 инчи од Schwalbe и едноделна вилушка од сопствен развој „Lefty Ocho“.

https://photos.app.goo.gl/piwn9PnrtpKtgXhW7

Од сопствен развој потекнуваат и компонентите на серијата планински велосипеди со електричен погон „Flyon“ од производителот Haibike. За неа посебно е развиен погонски концепт со погон со 120 њутнметри вртежен момент, со сопствена батерија и дисплеј. Еден од моделите кај коишто е применет овој концепт е „Xduro AllMtn 10.0“. Електричниот планински велосипед со предно тркало од 29 и задно тркало од 27,5 инчи, поседува интегрирано осветлување и подготвен е за ноќно возење. Задното светло е интегрирано во самиот носач на седиштето. За рамката се користи комбинација од карбон и алуминиум. Велосипедот во врвната изведба чини околу 9.000 евра.

Тркачки велосипеди: Материјал за професионалци

https://photos.app.goo.gl/kXdqL1DdcmWMLS6a7

„Најбрзиот тркачки велосипед во светот“ – со овој слоган, производителот Cannondale ги рекламира своите тркачки велосипеди од серијата „Super Six Evo“. Со аеродинамичната форма на рамката и системската интеграција, просечно се заштедуваат околу 30 вати моќ (при 48 km/h). Со тежина од малку над седум килограми, велосипедот е добар и за на планина. Карбонскиот тркач во најскапата изведба „Super Six Evo Hi-Mod Disc Dura Ace Di2“ е опремен со електронски менувач од Shimano, со диск сопирачки и карбонски тркала со аеродинамичен профил на бандажот. Тркачот поседува и педали со интегриран мерач на сила. Цената е околу 10.500 евра.

Трекинг велосипеди: Патна опрема без потреба од одржување

https://photos.app.goo.gl/ZwhfbtKJoHvs96B19

Моделот „P18“ von Stevens Bikes е спортски трекинг велосипед што е опремен и за викенд тура и за пат околу светот. Фино разделените 18 степени на централниот пренос од Pinion го нудат најширокиот дијапазон на преносни односи на пазарот. На тоа следи и долготраен карбонски ремен од Gates. Во богатата опременост спаѓаат гуми „Marathon“ од Schwalbe со заштита од оштетување, но и предно светло од Busch & Müller со 100 лукси. Цената изнесува околу 3.800 евра.

Патнички велосипед: На пат околу свет

https://photos.app.goo.gl/DHUMcbBcHbLFcgmn6

Велосипеди што се изработени по мерка се речиси задолжителни за маратонците и за патници околу светот. Овие велосипедисти што патуваат со месеци, сакаат да се чувствуваат пријатно и обично имаат конкретни барања во поглед на димензиите и опремата. Производителот Velotraum е специјализиран за вакви модели по мерка и нуди неколку различни концепти. Пример е „Speedster“, со широки гуми и тркачки волан, кој освен што одговара за секаква подлога, располага и со најразлични позиции на зафат. Во основната изведба со долготраен пренос во оска Rohloff, велосипедот чини 4.000 евра. За посебна опрема за воланот, погонот, тркалата или осветлувањето, може да се смета на уште 2.000 евра.

>>> Велосипедистите живеат подолго и поздраво од автомобилистите

Претходна објаваMaserati MC20 со првиот сопствен мотор на марката по 20 години
Следна објаваMercedes започнува со испораки на електричниот eSprinter

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here