Моментно се стекнува впечаток дека електричните автомобили владејат со сцената и целосно ги имаат потиснато класичните хибриди. Статистика од Швајцарија дава точна претстава за соодносот меѓу одделните видови „алтернативен“ погон.
Автомобилскиот пазар е многу развижен околу видовите на погон. Додека порано постоеја само две опции, бензин или дизел, евентуално вклучувајќи автогас за „храбрите и авангардните“, денес има многу поголема разновидност. Покрај хибридните погони на пионерот Toyota, на европскиот и општо на глобалниот пазар, почнува да се забележува присуството на електричните автомобили, односно батериските и плагин-хибридните автомобили.
Некои производители гласно ги рекламираат своите автомобили на струја, со цел да го наметнат чистиот и напреден погон како дел од својот имиџ. Но, каков е вистинскиот сооднос на силите меѓу одделните видови погон? Одговорот за тоа ни го дава еден дијаграм од швајцарскиот пазар, за учеството на одделните видови алтернативен погон во вкупната продажба.
На дијаграмот се прикажува одделно уделот на автомобилите со хибриден погон (зелена боја), со плагин-хибриден погон (црвена боја) и со електричен погон (сина боја). Како тенка линија се забележува и уделот на автомобилите со погон на метан.
https://photos.app.goo.gl/1FYMr2itGwbusiXM7
Станува збор за податоци што се однесуваат на продажбата во Швајцарија во првите три месеци од годинава, односно пред корона-кризата да влијае врз продажбата на возила. Највредниот податок е споредбата на уделот на „алтернативците“ во 2020 година и во 2015 година. За пет години, уделот на хибридните автомобили се зголемил речиси шестпати, од 1,9% на 10,9% годинава. Паралелно напредувала и продажбата на плагин хибриди, кои моментно заостануваат три петини зад класичните хибриди (тоа речиси целосно се модели на Toyota и Lexus) и постигнуваат удел од 4,1 проценти.
Чисто електричните, од 1,2 процент во 2015 година, достигнале удел од 5,6 проценти во првиот квартал од годинава. Тоа што може да се заклучи од овој вреден дијаграм е дека сите видови на погон, кој веќе одамна го надмина ограничувачкиот епитет „алтернативен“, напредуваат со приближно исто темпо. Возачките и возачите ги препознаваат предностите на сите одделни видови на погон, од хибриден, преку плагин-хибриден, до чисто електричен, и очигледно веруваат во овие автомобили, односно во нивниот погон.
Удел на возилата со алтернативен погон во вкупната продажба на автомобили во Швајцарија во првиот квартал од 2020 година
Вид на погон |
Продажба |
Удел % |
Тренд % (’19) |
|
Електрични |
3121 |
5,6 |
+3,2 |
|
Плагин-хибриди |
2288 |
4,1 |
+193,7 |
|
Хибриди |
6047 |
10,9 |
+74,9 |
|
Метан |
258 |
0,5 |
183,5 |
|
Водород |
16 |
0,0 |
1.500,00 |
|
Други |
1 |
0,0 |
|
Вкупно алтернативни |
11731 |
21,2 |
59,6 |
|
Вкупно автомобили |
55.45 |
-23,1 |
Топ 10 модели јануари – мај 2020 во Швајцарија
|
|
|
МАРКА |
|
МОДЕЛ |
|
ПРОДАЖБА |
| 1 |
Škoda |
|
Octavia |
|
2345 |
|
|
2 |
|
VW |
|
Tiguan |
|
1836 |
|
3 |
|
Mercedes-Benz |
|
GLC-Klasse |
|
1298 |
|
4 |
|
BMW |
|
X3 |
|
1281 |
|
5 |
|
Tesla |
|
Model 3 |
|
1235 |
|
6 |
|
Mercedes-Benz |
|
A-Klasse |
|
1220 |
|
7 |
|
Volvo |
|
XC40 |
|
1154 |
|
8 |
|
VW |
|
T6 |
|
1148 |
|
9 |
|
Škoda |
|
Karoq |
|
1138 |
|
10 |
|
VW |
|
Golf |
|
1092 |
















