Mercedes-AMG GT со 4 врати има неколку новини

Mercedes-AMG GT со 4 врати има неколку новини

Спортската купе-лимузина на AMG влегува во новото моделско годиште со неколку измени. Mercedes-AMG GT 4 Coupe останува како спој на суперспортски автомобил што нуди комоција и практичност за секој ден.

Mercedes-AMG ја пушта својата купе-лимузина GT 4 со неколку освежувања во моделското годиште 2020. Сите изведби на GT 4 отсега доаѓаат стандардно со инфо-забавниот систем MBUX, прочуен по тоа што со него може да се командува спонтано, во стилот на „Еј, Мерцедес“. Секако дека во оригиналниот модел на AMG има неколку специфични „инструменти“ и функции што може да се наместат по желба.

AMG го испорачува својот конкурент на Porsche Panamera опремен стандардно со комплетно дигитален кокпит со два големи дисплеи, со навигација на хард-диск, со интелигентниот систем за говорно командување „Еј, Мерцедес“, со сензорско поле и со дигитално радио. Како опции се нудат асистент за ентериер како дел од MBUX и унапредена реалност за системот за навигација. Уште една практична опција е носач за багажник на покрив.

Сите пет модели – AMG GT 43, AMG GT 43 4MATIC+, AMG GT 53 4MATIC+, AMG GT 63 4MATIC+ и AMG GT 63 S 4MATIC+ се достапни за нарачка уште веднаш. 

Модел
Моќност
Цена во Македонија

AMG GT 43 4MATIC+

367 КС

131.990 евра

AMG GT 53 4MATIC+

435 КС

152.990 евра

AMG GT 63 4MATIC+

585 КС

207.590 евра

AMG GT 63 S 4MATIC+

639 КС

229.990 евра

Трикратна ѕвезда во салонот на Mercedes: Цивилен болид AMG GT R

mercedes amg gt r mak autostar

Претходна објаваЧленките бараат ЕУ да подготви план за водородниот погон
Следна објаваСите 16 фабрики на марката Volkswagen се активни од денес