Осум цилиндри е подобро од шест: Porsche Cayenne GTS

Спортски карактер и ексклузивност во ист пакет. Така Porsche ги најавува Cayenne GTS и Cayenne GTS Coupe, кои се меѓу ретките што уште возат со осумцилиндарец.

Кога Porsche ја става ознаката GTS, тоа значи дека е ставен нагласок на спортските својства. Овојпат добиваат нагласок и осумте цилиндри. Место 3,6-литарскиот битурбо V6 од претходникот, тука повторно работи V8 од 4,0 литри, битурбо, со 460 КС (+20 КС во споредба со 3,6 V6) и 620 њутнметри. Спринтот до 100 km/h на двата модели GTS, со пакет Sport Chrono, им успева за 4,5 секунди (-0,6 s), крајната брзина изнесува 270 km/h (+8 km/h кај Coupe во споредба со 3,6 V6). Вообичаено за GTS-моделите, следат и спуштено подвозје, препознатлив изглед и збогатена опрема.

Во духот на времето и заштитата на животната средина е посветено внимание и на оптимирање на потрошувачката. Со оптимално дотеран осумстепен автоматик Tiptronic S, со приспособливо исклучување на цилиндрите, со централна положба на инјекторите и со напреден термо-менаџмент, потрошувачката според NEDC изнесува 11,4 литри на сто километри.

https://photos.app.goo.gl/TxXNpHi2gg3jXNdj7

За посебното доживување во GTS се грижи и спортскиот издув со препознатлив длабок тон. Опција е нов спортски издув со две средишно поставени цевки со овален профил – само за Cayenne GTS Coupe, а во иднина и за Cayenne Turbo Coupe, но само како дел од опционалниот спортски пакет за пониска тежина.

Дваесет милиметри пониско подвозје и спортски дотерана амортизација

Подвозјето е дотерано за Cayenne GTS да постигне спектакуларни вредности на странично забрзување. Стандардно се вградуваат спирални пружини, во комбинација со спортска работа на активната амортизација PASM и со клиренс намален за 20 милиметри. PTV Plus (Porsche Torque Vectoring Plus) исто така е стандард.

Со сериски бандажи од 21 инчи, со дизајн RS Spyder и со сопирачки дискови од 390 х 38 mm напред и 358 x 28 mm назад (и црвени сопирачки клешти), GTS вози како вистински спортски автомобил меѓу СУВ-моделите. Има две опции кај сопирачките: Porsche Surface Coated Brake (PSCB) со површина обработена со волфрам карбид или керамички сопирачки (PCCB). Уште една надградба е трикомората пневматска амортизација со -10 mm, управувана задна оска и активно спречување на страничното навалување PDCC.

https://photos.app.goo.gl/aRCJiMUWNrqthKsB7

Диодните предни светла и задната светлосна лента се затемнети. Предните отвори за воздух се во црна боја, исто како и страничните лајсни, издувните цевки на спортскиот издув и моделскиот натпис назад. Во кабината е вообичаената комбинација од материјали за GTS, со алканатара на таванот, на ексклузивните спортски седишта за моделот и на вратите, во комбинација со алуминиумски панели со четкан финиш.

https://photos.app.goo.gl/V3YFCxqyHNJCccXJ9

Porsche ќе стартува со испорака на двете моделски изведви на Cayenne GTS-Modelle во почетокот на јули. Цените во Германија почнуваат од 114.087 евра за Cayenne GTS и од 118.490 евра за Cayenne GTS Coupé.

Еротска заедница со истражување: Возачките и возачите на Porsche најзадоволни

Возачките и возачите на Porsche најзадоволни
Возачките и возачите на Porsche најзадоволни

Претходна објаваГерманија ќе наплаќа повисок данок за возила што трошат многу
Следна објаваAudi одбележува 20 години од првата победа на Леман

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here