Поради воведувањето на строги мерки против ширењето на корона-вирусот, производството на автомобили во Обединетото Кралство во април се најде речиси во целосно мирување.
Производството на автомобили во Велика Британија забележа драстичен пад во април. Како што соопшти BBC, автомобилското производство во април се намалило за 99,7 проценти во споредба со истиот месец лани.
Во целата островска држава биле изработени само 197 автомобили. Станува збор за престижни и луксузни автомобили од марки како McLaren, Bentley или Rolls Royce. На овие возила требало да се извршат само уште последните зафати. Од нив, 45 возила се испорачани директно на клиентите.
Автомобилското производство во април било на најниското ниво по втората светска војна. Поради корона-кризата, некои од производителите привремено се префрлија на изработка на медицинска заштитна облека и прибор.
Во нормални услови, во април во земјата се произведуваат околу 400.000 возила. Недостигот од оваа продукција ќе ги чини автомобилските концерни до 12,5 милијарди фунти, односно околу 13,9 милијарди евра. Фабриките во земјата постепено се враќаат во работа, со строго почитување на мерките за заштита.

















