Vespa е дел од италијанското и светското наследство и култура, но и дизајнерско дело. Постојано се појавуваат копии на вечно популарниот скутер со препознатлива форма што влече корени уште од 1946 година.
Само во минатите две години, концернот Piaggio поднесе повеќе од 50 пријави за прекршување на заштитенитe права. Последниот пример се однесува на еден плагијат од производител од Кина, кој беше изложен во минатата есен, на прочуениот саем за мотоцикли во Милано.
Агенцијата за интелектуална сопственост на Европската Унија (ЕУИПО) му го призна правото на Piaggio и донесе одлука дека возилото на кинескиот производител претставува илегален обид да се копираат препознатливите стилски обележја на Vespa Primavera. Италијанскиот производител со долга традиција реагираше уште за време на саемот во Милано, по што плагијатите беа отстранети од штандот.
https://www.instagram.com/p/CAp0BGUFusf/
















