Франција со помош од 8 милијарди евра за авто-производителите

Renault Clio V Zeneva

Франција им помага на производителите на автомобили во корона-кризата со повеќе од осум милијарди евра. Претседателот Макрон сепак поставува неколку услови за добивање на помошта.

Производителите на автомобили во Франција ќе добијат пакет за помош од државата во вредност од преку осум милијарди евра. Од оваа сума, една милијарда ќе биде наменета за повторно заживување на автомобилскиот пазар, кој претрпе силен удар во корона-кризата. Тоа го најави шефот на државата, Емануел Макрон, по посетата во фабриката на добавувачот Valeo во северниот регион на Франција.

„Светската автомобилска бранша е во длабока криза“, резимираше 42-годишниот претседател. Како возврат за помошта, браншата ќе се обврзе да изврши пресвртница во корист на животната средина. Франција во следните пет години треба да ја преземе водечката улога во Европа, како производител на возила со ниска емисија на штетни материи.

Државната помош за купување нов електричен автомобил се зголемува од 6.000 на 7.000 евра

Државата ќе ја зголеми субвенцијата за купување нови возила. Субвенцијата за купување електричен автомобил ќе се зголеми на 7.000 евра, наспроти сегашните 6.000 евра. Преоѓањето од стари на нови возила со почиста емисија, исто така ќе се поттикнува. „Непродадени се 400.000 автомобили“, изјави шефот на државата, по состанокот во Париз со претставници од браншата и од синдикатите.

Макрон и владата во Париз се под голем притисок. Браншата во земјата вработува 400.000 лица. Францускиот пазар во април се скуси за 90% во споредба со истиот месец лани, поради корона-кризата. Враќањето на динамиката на продажба ќе се одвива бавно.

Еден од условите е производството на автомобили и компоненти да се врати во државата

Условот што го поставува Макрон е во земјата да се врати производството на автомобили, со цел „да се задржат вработувањата во индустријата и во автомобилскиот сектор, насекаде во Франција.“ Макрон посочи и на плановите на ЕУ, на браншата да ѝ се помогне со неколку милијарди евра.

Renault ќе биде дел од заедничкото производство на батерии за потребите на повеќе автомобилски концерни. Во почетокот на годината, Макрон го најави почетокот на пробното производство на батерии во Нерсак, на југот на Франција, како „Airbus меѓу батериите“. Целта е европската индустрија да стане независна од увозот на батерии од Азија. Францускиот производител во петок ќе го претстави планот со којшто треба да се заштедат повеќе милијарди евра. Државата воедно ќе биде гарант за Renault да подигне кредит во висина од пет милијарди евра.

Продажбата на групацијата на Peugeot со пад од 29 проценти

 

Продажбата на групацијата на Peugeot со пад од 29 проценти

Претходна објаваБрисел ослободува улици за велосипедисти и пешаци
Следна објаваВо новата серија 5 на BMW хибридите се главни

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here