Леклерк го возеше „големото рандеву“ со Ferrari по улиците на Монако

Леклерк го возеше „големото рандеву“ со Ferrari по улиците на Монако
Леклерк го возеше „големото рандеву“ со Ferrari по улиците на Монако

Шарл Леклерк во неделата возеше Ferrari SF90 по празните улици на Монако. Возачката ѕвезда на Scuderia Ferrari се најде зад воланот на хиперавтомобилот заради снимање на новата верзија на „Рандеву“, култниот краткометражен филм на Клод Лелуш од 1970-те.

Во неделата требаше да се вози трката за големата награда на Монако, но пандемијата го спречи тоа, за првпат по 1954 година. Шарл Леклерк, возачот на Scuderia, таму требаше да се покаже на домашен терен. Ѕвездата на тимот од Маранело сепак доби можност да ја извози патеката во реални услови, место виртуелно, притискајќи го до крај педалот за гас на хибридниот Ferrari SF90 Stradale. Покрај улогата на возач, тој беше и актер.

Причината што се одржа ова возење по легендарната „тркачка“ патека беше снимање на римејкот на краткометражниот „C’était un rendez-vous“ од 1976 година. Тогашната снимка по улиците на Париз на изгрејсонце беше направена со камера поставена на личниот Mercedes 450 SEL 6.9 на режисерот Клод Лелуш. Французинот тогаш сакаше само да го дотроши филмот во камерата, а од тоа излезе култна снимка.

Премиерата на „Le Grand Rendez-Vous“ со Леклерк и Ferrari SF90, по улиците на Монако и повторно во режија на Клод Лелуш, најавена е за 13-ти јуни.

https://www.instagram.com/p/CAkvYrWnd2d/

https://www.instagram.com/p/CAkuoqbnVpE/

>>>Ferrari в недела снима нова верзија на „Рандеву“ во Монте Карло

https://photos.app.goo.gl/cTu5mLfsXvz7KgYa7

Оригиналниот филм од 1976 година

https://www.youtube.com/watch?v=HgPoiKiMRFQ&t=284s

Претходна објаваVolvo во Британија воведува преземање возило за сервис од дома
Следна објаваБрисел ослободува улици за велосипедисти и пешаци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here