Нов шеф во AMG, стариот во Aston Martin

mercedes amg project one
mercedes amg project one

Смена на раководството во Mercedes-AMG. Досегашниот прв човек на престижната марка од Афалтербах заминува во Британија, кај Aston Martin. Главен техничар во AMG ќе биде човек со големо искуство во електромобилноста.

Повеќе е делегирање, отколку заминување. Во марката на Џејмс Бонд се сменија многу работи, откако канадскиот мултимилијардер Лоренс Строл во почетокот на годинава инвестираше 500 милиони фунти во Aston Martin. Од 1-ви август, британската марка ќе добие и нов извршен директор, на местото на Енди Палмер. Ново име на оваа позиција е, никој друг, туку токму Тобијас Моерс, досега прв човек на Mercedes-AMG. Уште еден важен детал што го објаснува целиот трансфер: Спортската марка на Mercedes испорачува мотори V8 за моделите на Aston Martin и воедно поседува пакет акции во британската компанија.

Толку од смената во Aston Martin, но не и од веста. Шефовското место во AMG го презема Филип Шимер, досегашен раководител на огранокот на Mercedes во Бразил. Главната промена сепак е кај раководителот на техничкото одделение. Јохен Херман е име што ветува дека во блиска иднина ќе се менуваат многу работи во спортската марка, во поглед на електромобилноста. Тој досега беше главен за развојот на електричниот погон и батериската техника во Daimler.

Моерс пред извесно време најави дека во AMG ќе почне да се користи плагин-хибридна техника, почнувајќи со C 63. Новата постава со Шимер и Херман само ќе го забрза воведувањето на електричниот погон во моделската палета од Афалтербах.

Mercedes-AMG лани ја имаше најуспешната деловна година во историјата, со повеќе од 132.000 продадени возила. Само четири години порано, годишната продажба изнесуваше 70.000 примероци.

Тркачката патека е вистинскиот терен за Mercedes-AMG GLE 63 Coupe

Mercedes-AMG GLE 63 S 4MATIC+ Coupé, C167, 2020Mercedes-AMG GLE 63 S 4MATIC+ Coupé, C167, 2020

Претходна објаваЕлектричниот СУВ на Škoda треба само уште да ја симне маската
Следна објаваVolvo во Британија воведува преземање возило за сервис од дома