Audi e-tron е новиот електро-крал на Норвешка

autri e-tron 50 quattro
autri e-tron 50 quattro

Норвешка постојано ги сервира добрите вести на автомобилската сцена. Место бројки што сведочат за драстични падови на пазарите во време на корона, Норвешка јавува за 70% удел на електричните автомобили во првите четири месеци. Не е толку мала сензација: Најпродаван модел е Audi e-Tron.

Норвешка не е меѓу автомобилските велесили, ниту според големината, а уште помалку поради продукцијата, но пак ужива светска слава, како земја со најголем удел на електрични авотмобили во продажбата. Во „глобално проблематичниот“ период меѓу јануари и април, скандинавската држава постигнала удел на електричните автомобили од 70% во вкупната продажба. Тоа е тренд што трае повеќе години и има јасна цел, комплетно преоѓање на погон на струја.

Најпродаваниот модел до април припаѓа во сегмент што обично се појавува најдолу во продажните статистики. Но, Норвешка е многу богата држава и нејзината патна мрежа не се состои само од автопатишта, туку има многу предизвикувачки терени. Затоа е разбирливо првото место на Audi e-tron во вкупната продажба на автомобили во земјата. Не само што овој електро-СУВ е прв, туку и доминира, со голема предност пред второпласираниот Volkswagen e-Golf и Nissan Leaf на третото место.

Дури и моделот што е хит насекаде во светот, Tesla Model 3, има само блед настап во споредба со Audi. Секој десетти нов автомобил што е купен годинава во Норвешка е e-tron. Дури и повеќе, затоа што само на овој модел му припаѓаат точно 12% од целиот автомобилски пазар во земјата.

Заедно со плагин-хибридите, електричните автомобили учествуваат со 70%, само на „батериските“ им припаѓаат 50 проценти од пазарот; Меѓу Топ 20 нема ниту еден модел со обичен погон

Во високиот удел на електричните автомобили од 70% се бројат и плагин-хибридите. Но, и без нив, уделот на „батериските“ пак изнесува 50 проценти. Сепак е мало учеството на хибридите што имаат приклучок за полнење на батеријата. Само два модели се појавуваат на листата: Европскиот шампион Mitsubishi Outlander PHEV на петтото место и Volvo XC60 T8 на 13-то место.

Во продолжение листата на најпродаваните автомобили во Норвешка, во периодот од јануари до април. Како што се забележува, меѓу Топ 20 нема ниту еден модел со обичен погон. Тоа практично е листа на најпродаваните автомобили на целиот норвешки пазар.

https://photos.app.goo.gl/zH3jMFcMw1idoayu9

Секако дека не отсуствуваат и класичните хибриди на Toyota. Деветтото место му припаѓа на Yaris Hybrid, веднаш по него следи C-HR. Следниот период носи голема неизвесност. Пристигаат Volkswagen ID.3 и неговата СУВ-варијанта ID.4, а потоа и Tesla Model Y и футуристичкиот Cybertruck. Уште се чека и како пазарот ќе реагира на Ford Mustang Mach-E.

Норвешка дури и не мора да поставува краен датум до којшто ќе се продаваат обичните автомобили. Земјата мошне брзо се движи кон стадиумот, кога никој повеќе нема да биде заинтересиран да купи автомобил што користи само мотор со внатрешно согорување. Но, Норвешка е богата земја…

BYD ја започнува европската експанзија од Норвешка

BYD Tang EV600

Претходна објаваKia Rio доби освежување, повеќе техника отколку козметика
Следна објаваDaimler ќе продава водородни генератори на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here