Во рекламите за новиот Mercedes GLA ги нема клишеата што се вообичаени кога пристигаат новите СУВ-модели, од типот на планинарење, совладување пречки или авантура во дивината. Штутгарт ја започнува кампањата за новата генерација на GLA, под мотото „Замислена за дивината. Создадена за Вас.“
На хумористичен начин, рекламите за новиот Mercedes GLA си поигруваат со фактот дека новиот модел ќе се снајде во сите теренски предизвици и авантури, но никој не сака да го искористи тој потенцијал. Спотовите во траење од 20 и 30 секунди прикажуваат ликови од градот, кои релаксирано пристигаат на далечни места и решаваат сами да ги тестираат своите способности, место да ги проверуваат способностите на автомобилот.
Но, овие градски ликови не се навикнати на тие предизвици. Или морската вода им е престудена или соочувањето со големиот ној ги престрашува. Тие решаваат со својот GLA да се вратат во „својата“ средина, а тоа е градот. Овие забавни „Reality Checks“ се шармантно и искрено обраќање до целната група на новиот СУВ со сребрена ѕвезда, со многу хумор и со многу само-иронија.
https://youtu.be/J9cprCnfQh8
Мак АутоСтар веќе го објави комплетниот ценовник за новиот Mercedes GLA
Изведба |
Мотор ccm |
КС |
Цена во евра |
|
GLA 180 |
1332 |
136 |
36990 |
|
GLA 200 |
1332 |
163 |
38890 |
|
GLA 250 |
1991 |
224 |
45000 |
|
GLA 250 4Matic |
1991 |
224 |
47990 |
|
GLA 35 AMG 4Matic+ |
1991 |
306 |
59990 |
|
GLA 45 AMG 4Matic+ |
1991 |
387 |
69990 |
|
GLA 45s AMG 4Matic+ |
1991 |
421 |
76990 |
|
GLA 180 d |
1461 |
116 |
37990 |
|
GLA 200 d |
1950 |
150 |
40000 |
|
GLA 200 d 4M |
1950 |
150 |
42980 |
|
GLA 220 d |
1950 |
190 |
43990 |
|
GLA 220 d 4M |
1950 |
190 |
46990 |
Mercedes GLA почнува со продажба, старт од 37.000 евра

















