Електричниот VW ID.3 во Германија ќе се продава „агенциски“

volkswagen id3 агенциска продажба Германија
volkswagen id3 агенциска продажба Германија

Првиот модел од новата генерација електромобили на Volkswagen ќе има и различен начин на продажба. Компактната комбилимузина ID.3 ќе им се продава на приватните лица и на малите фирми според таканаречен агенциски модел. Овој принцип веќе долго се користи во т.н. флотна продажба и добро е прифатен.

Главната разлика е во тоа што дилерите во иднина ќе имаат улога на посредници и ќе добиваат провизија директно од Volkswagen. Тоа значи дека идните сопственици на ID.3 ќе го купуваат возилото од самиот производител. По онлајн-нарачката и конфигурирањето на возилото, тие ќе треба само уште да го наведат дилерот од којшто ќе го преземат возилото. Понатаму, дилерот ќе може да понуди и дополнителни услуги.

Дилерите на ID.3 сами ќе ги привлекуваат купувачите во салон, ќе ги запознаат со автомобилите и понудата, ќе им овозможат пробно возење, потпишување на договорот, како и испорака, сето тоа во координација со Volkswagen.

Volkswagen ќе ја утврдува продажната цена на возилото. Нема повеќе непријатни „натегања“ околу цената. Дилерот ќе ја добие својата провизија и евентуалните бонуси, без разлика дали купувачот ја заврши процедурата онлајн или во салонот на дилерот.

Новиот начин на продажба за новата „електрична“ подмарка ID на Volkswagen во почетокот ќе важи само во Германија. Волфсбург денес соопшти дека дилерската мрежа на VW во Германија, 100% се сложила со новиот начин на продажба за електричниот ID.3

Агенцискиот модел е големо финансиско растоварување на дилерите, што е особено добредојдено во корона-кризата

Volkswagen ќе го презема и финансирањето на возилата и ќе го прифаќа ризикот од враќање на возилото, како и процената на преостанатата вредност по завршетокот на рокот на отплата. Дилерите повеќе не мора сами да ги финансираат возилата. Производителот ги подмирува и трошоците за чување на возилата на плац, како и за изложените модели. Демо-возилата ќе им се понудат на дилерите преку исклучително поволен концепт на лизинг.

Има новини и околу конфигурирањето на возилото. Volkswagen најавува дека има развиено нов ИТ-систем „Thunder“, кој првпат ќе се користи во салоните кај ID.3. Нахјмногу десет кликови ќе бидат потребни за купувачот да го комплетира конфигурирањето на возилото.

Претходна објаваАприл со историски најниска продажба на автомобили
Следна објаваИнженери од авто-браншата измислуваат помагала во корона-кризата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here