Производството на автомобили привремено мируваше, но во Домот на Rolls-Royce продолжи еден друг вид производство: Најексклузивниот мед во светот. Работната сила од 250.000 пчели годинава постави рекорд.
Во третата сезона откако Rolls-Royce започна со одгледување мед, 250-те илјади пчели веќе ги надминуваат очекувањата на производителот на ексклузивни автомобили. Пчелите имаат на располагање половина милион дрвја, грмушки и диво цвеќе во кругот на фабриката на површина од 17 хектари. На тоа следат уште 30.000 метри квадратни под растенија на „живиот покрив“ на фабриката.
На секој од пчелните сандаци е поставена полирана плочка од благороден челик, изработена во сопственото одделение за специјални нарачки. На пет плочки се напишани славните моделски имиња на Rolls-Royce, односно Phantom, Wraith, Ghost, Dawn и Cullinan. Шестата плочка го носи името „Spirit of Ecstasy“, во чест на познатиот знак на англиската марка.
Локални специјалисти рачно го преработуваат медот, кој потоа им се послужува на гостите на Rolls-Royce, вклучувајќи ги клиентите што лично доаѓаат да го преземат својот автомобил во „ателјето“ во Гудвуд.
https://photos.app.goo.gl/uicpPcivBEgukMY87
Графиката што се користи за овој ексклузивен примерок на Rolls-Royce е дело на Др. Естер Малангу, прочуена јужноафриканска уметница
https://www.instagram.com/p/B_m6LESpWMC/
















