Сервисите на Toyota победија на тестовите на германскиот Ауто Билд

Сервисите на Toyota победија на тестовите на германскиот Ауто Билд
Сервисите на Toyota победија на тестовите на германскиот Ауто Билд

Магазинот Ауто Билд избра седум сервисни работилници на Toyota во Германија да учествуваат во тестирањето. Задача на сервисерите беше да ги пронајдат намерно создадените дефекти и да ги отстранат. Toyota повторно се докажа како шампион.

Овластените сервисни работилници на Toyota во Германија постигнаа најдобри резултати во тестирањето што го спроведува магазинот Ауто Билд. Седумте сервисни работилници што Ауто Билд ги избра да учествуваат во тестирањето, пронајдоа и отстранија 90% од препарираните дефекти во возилата што беа испраќани на сервис. Во изданието број 18, што излезе од печат денес (30-ти април), магазинот пишува: Најдобар резултат на тестот на сервиси каков што немало години наназад.

За тестирањето беа подготвени идентични примероци од Toyota Aygo, на кои намерно им беа „вградени“ дефекти, по што возилата беа пријавени за сервис во седумте избрани партнери во мрежата на Toyota. Позициите на кои вештачки беа направени дефекти се пропишани да се проверат во сервисната спецификација на производителот. Такви се, на пример, прениското ниво на течност за ладење, прегорено стоп-светло или напукната метличка на бришачите.

Шест од седумте овластени сервисери во мрежата на Toyota во Германија добија оцена „многу добро“ или „одлично“, а четири од нив ги пронајдоа сите дефекти. Со години наназад, тоа не се случило кај ниту еден друг производител на автомобили, вклучувајќи ги и независните сервиси.

Yaris Cross следен во серијата топ-погодоци на Toyota

toyota yaris cross new

Претходна објаваШвајцарија предупредува за сообраќаен хаос по разлабавувањето на мерките
Следна објаваSkoda продолжува со производство на батерии за електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here