Rolls-Royce е прва британска марка што се враќа во погон

rolls-royce cela modelska gama

Rolls-Royce е првата марка од Велика Британија што ќе продолжи со производство, откако истото беше запрено поради корона-вирусот.

Историски момент за Rolls-Royce, уште еден во низата. Во понеделник, на 4-ти мај, повторно се враќа во погон „работилницата“ на благородната марка од островот, точно на денот откако Чарлс Ројс и Хенри Ројс, пред 117 години се состанаа во хотелот Мидленд во Манчестер, да го основаат Rolls-Royce.

Половина од 2.000 вработени во Гудвуд ќе се вратат на своите работни места, имајќи ги предвид владините препораки за социјално дистанцирање. Останатата половина од работната сила, вклучувајќи ги позииите во администрацијата и логистиката, ќе ги извршуваат своите обврски од дома.

Во меѓувреме продолжи работата во погоните во Гудвуд, за персоналот задолжен за одржување на машините и опремата, како и за доработка на полуготовите возила. Кога производството ќе се врати на 4-ти мај, нема да се менува приоритетот, односно возилата ќе се изработуваат по претходниот редослед.

Во Гудвуд воедно продолжува и изработката на заштитни визири за медицинските работници.

Rolls-Royce повикува децата да нацртаат луксузен автомобил од соништата

Rolls-Royce повикува децата да нацртаат луксузен автомобил
Rolls-Royce повикува децата да нацртаат луксузен автомобил

Претходна објаваБројки и факти за Skoda Octavia: 46 држави, 20 сензори, пет фабрики
Следна објаваШвајцарија предупредува за сообраќаен хаос по разлабавувањето на мерките

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here