Секој петти нов автомобил во Русија е Lada

lada granta-cross
lada granta-cross

Во периодот од јануари до октомври, Lada продала 295.437 автомобили и доставни возила на рускиот пазар, што е за 1,5% повеќе од истиот период лани. Само во октомври во Русија се продадени 30.237 автомобили Lada.

Lada во првите десет месеци од 2019 година освоила повеќе од една петина од продажбата на рускиот пазар на автомобили и доставни возила, односно 21 проценти. Најпродавана моделска серија е Lada Granta, со 108.686 примероци до октомври. Продажбата на сите каросериски изведби од овој модел пораснала за 35,1 проценти во споредба со лани.

Во октомври, од Lada Granta биле испорачани 11.712 примероци, што е историски рекорд за моделот во овој есенски месец. Во споредба со октомври лани, испораките се зголемиле за 14,1 проценти.

Добри резултати во октомври има и кај понудата од доставни возила. Од товарните верзии на моделите Lada Granda, Lada Largus и Lada 4×4 биле испорачани 1.146 возила (+12,4%). Во периодот на јануари до октомври, Lada на рускиот пазар испорачала вкупно 9.160 примероци од овие модели.

https://youtu.be/yWU4H1gjw4Q

Претходна објаваНовиот Mitsubishi L200 пристигна во Макауто Стар: Пикапот станува модерен
Следна објаваЗлатниот волан на Ауто Билд за Tesla Model 3

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here