Милионска кражба во салон на Bentley во Берлин

Пет возила на Bentley се украдени од најголемиот дилер на благородната марка во Европа. Луксузните автомобили вредат преку еден милион евра. Полицијата е беспомошна.

Кралевите и ѕвездите се возат во Bentley. Цените за овие благородни возила од Британија не познаваат граници. Тоа ги привлекува крадците. Во минатиот петок се украдени пет парчиња Bentley, директно од изложбениот салон на најголемиот европски дилер на Bentley во Берлин.

Вработен во филијалата во минатиот петок го отворил салонот. Но, пет возила недостигале. Престижните модели имаат вредност од преку еден милион евра. Полицијата била известена веднаш. Станува збор за професионалци, затоа што тие не оставиле зад себе какви било траги.

Автомобилите веројатно се во Русија или Арабија

Полицијата се сомнева дека украдените возила ќе бидат најдени. Се претпоставува дека автомобилите веќе се изнесени од земјата, веројатно во Русија или Арабија. Салонот за скапите автомобили е во берлинската населба Шарлотенбург и сега е посиромашен со две нови и три користени возила. Меѓу украдените возила се наоѓа и нов Bentley Continental GT Speed, кој самиот вреди 232.000 евра.

Претходна објаваХибридниот компакт на Lexus со премиера во Кина
Следна објаваТест • Mazda6 SportCombi 2.2 CD 150 Challenge

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here