Електричното London Taxi надмина 3.000 продадени примероци

londo taxi tx elektricno septemvri
londo taxi tx elektricno septemvri

Производителот London EV за минатиот месец пријави продадени 352 примероци од електричната изведба на прочуеното лондонско такси. Од пазарниот старт во почетокот на 2018 година, компанијата има продадено повеќе од 3.000 примероци во Велика Британија и во Европа од најпрепознативото такси возило во светот.

Најголемиот број возила секако дека сообраќаат на територијата на Лондон, но такси-возилата на LEVC, инаку компанија во сопственост на кинескиот Geely, заедно со Volvo, Lotus и др, се возат и во повеќе од 20 градови во земјата: Бирмингем, Ковентри, Манчестер, Глазгов и Единбург. Примероци од возилото што се води под официјалната ознака TX се испорачани и во Германија, Норвешка, Холандија, Франција, Шведска, Хонг Конг и Малезија.

Моментно се гради централа што ќе биде надлежна за целиот европски пазар, лоцирана во Франкфурт, Германија. LEVC очекува до 2022 година, повеќе од две третини од продукцијата во фабриката во Коветри да заминат за извозните пазари, додека преостанатите триесетина проценти ќе се испорачаат на домашниот пазар. Планот е до 2024 година, TX и останатите возила со погон на струја да возат во сите светски метрополи.

Франкфурт ќе стане втор дом на лондонското електрично такси

Претходна објаваКралски благослов за стартот на Opel Corsa во Сарагоса
Следна објаваГолеми компании во Германија организираат бесплатен јавен превоз при загаденост

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here