Пет ѕвезди за безбедност за BMW, четири за Peugeot

Peugeot 208 Euro NCAP
Peugeot 208 Euro NCAP

Четири нови модели ја докажуваа безбедноста во тестирањата на Euro NCAP. Две нови моделски генерации на BMW, серијата 1 и серијата 3, освоија максимални пет ѕвезди, додека Peugeot 208 и Jeep Cherokee успеаја да освојат четири ѕвезди.

Новата серија 1 на BMW, во својата трета генерација и првпат со погон напред, освои максимални пет ѕвезди на тестот за безбедност на Euro NCAP и со тоа ја продолжи традицијата на претходниците. Резултатот ќе беше уште повисок, доколку предните седишта имаа подобра заштита за таканаречениот „повратен ефект“, односно силното залетување на главата на патниците наназад по судирот.

Специјалистите на организацијата сепак наведуваат дека врвните резултати во овој поглед само за малку не се достигнати. Поради тоа, максималните бодови што баварскиот компакт ги освои со постигнатите перформанси на системот за спречување на судир при градски услови на возење, не влегоа во конечниот резултат за заштитата на возрасни патници.

https://photos.app.goo.gl/bG7AEEmZdjJKWNnd8

Серијата 3 во својата седма генерација мина брилијантно. Лимузината од средната класа ги постигна најдобрите резултати за безбедност од сите автомобили од повисоките класи што биле тестирани кај Euro NCAP во 2018 и 2019 година.

https://photos.app.goo.gl/NW97vkyKnvTaJtABA

Критериумите за тестирање на безбедноста ќе стануваат сé построги и построги

Генералниот секретар на Euro NCAP, Мишел ван Ратинген коментира: „Добро е тоа што премиум марките, од Германија и од другите земји, ги задржуваат мошне високите стандарди што самите ги поставија и продолжуваат со освојување пет ѕвезди. Сигурен сум дека клиентите на BMW ќе бидат убедени оти компанијата ќе продолжи да цели кон највисоки стандарди за безбедност, додека нашите тестирања стануваат сé построги и построги.“

Peugeot 208 ја пропушти максималната оцена за безбедност и освои една ѕвезда помалку во споредба со моделот од претходната генерација, којашто располагаше со помалку безбедносни системи, но беше тестирана според многу поблагите критериуми во 2012 година. Главните пропусти кај актуелната комбилимузина се во поглед на грижата за незаштитените учесници во сообраќајот, односно пешаците и велосипедистите, па затоа и Peugeot доби една оцена помалку.

https://photos.app.goo.gl/FXbqg2VYwJD4YAce6

Jeep Cherokee е точно позициониран во територијата на четирите ѕвезди, со задоволителни, но не и исклучителни перформанси во сите подрачја на тестирање. Резултатите сепак се неспоредливо подобри отколку кај Wrangler, кој беше тестиран лани.

Претходна објаваMini отвора досега единствен вид на салон во центарот на Минхен
Следна објаваToyota организира автоматизиран превоз за Олимпијадата Токио 2020

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here