Новата владејачка коалиција во Брисел се договори да ја ограничи на брзината на возење во градот на 30 километри на час. Ограничувањето ќе стапи на сила на целата територија на градот во јануари 2021 година.
Мерката се однесува на сите улици низ населбите, но не и на главните патишта, вклучувајќи го внатрешниот ринг. Моментно околу половина од улиците во градот имаат ограничување на брзината на 30 km/h.
Бројни експерти предупредуваа дека мерката ќе биде делотворна единствено доколку се зајакне контролата и се смени инфрастуктурата. Жителите на белгиската престолнина моментно го разгледуваат новиот план за мобилност во градот. Во него се предвидени промени во инфрастуктурата, во коишто се земаат предвид ограничувањето на брзината и проширувањето и пренамената во површини за пешачење и возење велосипед.

Притисокот од јавноста за преземање соодветни мерки за подобрување на безбедноста во сообраќајот порасна откако млад новинар загина од автомобилот управуван од 20-годишен возач, кој возел многу побрзо од дозволените 50 km/h. Трагедијата го поттикна спроведувањето на кампања за ограничување на брзината на 30 km/h и за пошироко осознавање на проблемот со безбедноста во сообраќајот во градот.
https://photos.app.goo.gl/Ci7wTXfCQKkoBdSV9
















