Жолта боја за специјалната серија од Jaguar F-Type

jaguar f-type yellow
jaguar f-type yellow

Специјалната серија F-Type R-Dynamic Limited Edition, ограничена на само 200 возила, е прв жолт Jaguar од сериско производство по повеќедецениска пауза. Тоа порано беше честа боја кај легендарниот предок E-Type, но и кај лимузината XJ и купето XJS. Освен во бојата „Yunnan Yellow“, Британците го нудат моделот од ограничена серија и во боја „Borasco Grey“.

Само 50 примероци, од кои 20 кабриолети, ќе бидат лакирани во ексклузивната жолта боја, додека преостанатите 150 примероци од F-Type ќе добијат сива каросерија – од нив 80 ќе бидат во кабриолет изведбата. По половина од одделните варијанти ќе располагаат со погон на сите тркала.

Возилата од специјалната серија поседуваат мотор V6 со моќност од 380 КС. За спринтот од место до темпо сто се потребни 4,9 секунди, односно 5,1 секунди со погон на сите тркала. Крајната брзина изнесува 275 km/h.

https://photos.app.goo.gl/GidrfuEQh8YyWELeA

Надворешноста се препознава по бандажите од 20 инчи, со пет двојни краци и во црна сјајна боја, по каросериските детали што исто така се во црна боја и по диодните светла. На праговите се наоѓаат плочки од благороден челик, педалите се од истиот материјал, седиштата се кожени и имаат електрично местење и греење, украсните делови се од алуминиум и има прием на дигитално радио.

Купе изведбата дополнително поседува електрично задвижуван заден капак, додека кабриолетот стандардно поседува ветерна брана.

https://www.instagram.com/p/Bve0VOflQZp/

https://www.instagram.com/p/BF8661uMl5w/

Претходна објаваАвстралија има систем против користење мобилен во возење
Следна објаваКонцепт на Mitsubishi најавува нов модел со хибриден погон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here