Volvo нуди финансирање со каматна стапка од 4,5 проценти

Volvo XC 40, 60, 90

По отворањето на новиот салон на Volvo Cars во Скопје, компанијата Премиум АГС деновиве претстави нов производ за сите потенцијални клиенти кој може да им помогне во намерата да станат сопственици на Volvo.

Volvo Car Финансирање е услуга која брендот ја нуди на светско ниво и се одликува со поволни услови, фиксна каматна стапка и рок на отплата според желбите на купувачот. Кај нас, Volvo Cars Macedonia нуди финансирање со фиксна каматна стапка од 4,5% и рок на отплата до 7 години (84 месечни рати).

Намерата на Volvo е финансирањето да биде лично и прилагодено според желбите на клиентот, па така заинтересираните добиваат персонализиран предлог според нивните потреби и тоа директно од тимот за продажба, во рок од 24 часа. Намерата на Volvo е финансирањето да биде практично и достапно и токму затоа, клиентот има обврска да контактира единствено со тимот за продажба, кој понатаму го води, реализира и го помага целиот процес.

Услугата Volvo Car Финансирање е создадена во соработка со S-Leasing (Sparkasse Bank), и нуди можност да се влезе во светот на Volvo по месечна рата веќе од 384 Евра (за моделот XC40).

Тест: Volvo XC40 D4 Momentum

Претходна објаваМакпетрол денес доделуваше награди четирицикл Honda и лаптоп Dell
Следна објаваBridgestone ja доби тужбата за копирање гуми во Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here