Ретки модели од гаражата на Џеј Кеј одат на наддавање

Ретки модели од гаражата на Џеј Кеј одат на наддавање

Четири автомобили произведени во ограничена серија и во сопственост на рок ѕвезди и големи тркачи одат на наддавање следниот викенд во Силверстоун, Велика Британија. Станува збор за редок Ferrari од возниот парк на Џеј Кеј, за Ferrari Daytona што бил во сопственост на Сер Елтон Џон и за Porsche 911 Speedster од индикар-шампионот Дарио Франкити.

Фронтменот на Џамирокваи, Џеј Кеј, нуди на наддавање два ретки автомобили од неговиот возен парк. Едниот е Ferrari 365 GTC/4 од 1972 година, од серија од 505 возила, когошто Џеј Кеј го купил во 2016 година на салонот на олдтајмери во Лондон. Како со сите негови автомобили, Ferrari е во совршена состојба и чуван е беспрекорно. Цената се очекува да достигне меѓу 200 и 260 илјади фунти.

Вториот автомобил е Porsche 911 Turbo S од 2015 година. Спортското купе е регистрирано од дилер како прво демо возило од овој модел во Велика Британија и вообичаено за возило за таква намена поседува завидно ниво на опрема. Со погон на сите тркала, седумстепен менувач и само 5.000 извозени милји, овој „S“ се цени меѓу 100 и 120 илјади фунти.

https://photos.app.goo.gl/PQT2tKKwQbDaXjzh7

Следен автомобил од позната личност на автомобилската сцена е Porsche 911 (964) Speedster од 1994 година, проценет на £125,000 до £150,000, во некогашна сопственост на шампионот од Индикар и Инди 500, Дарио Франкити. Од овој модел се изработени само 469 примероци за пазарот во Северна Америка, односно вкупно 1.000 за светскиот пазар. Возилото е во совршена состојба и има минато само 19.279 милји.

https://photos.app.goo.gl/Z8LU3UzyB3Fih9i58

Четвртиот модел е прочуениот Ferrari 365 GTB/4 Daytona, од когошто на наддавањето ќе се понудат два примероци. Првиот е во некогашна сопственост на Сер Елтон Џон, во периодот меѓу 1973 и 1975 година. Тоа е еден од првите автомобили Ferrari на рок-ѕвездата во почетокот на неговата музичка кариера. Автомобилот е еден од 158 примероци со десен волан што се регистрирани во Велика Британија. Daytona се цени меѓу £425,000 и £475,000.

https://photos.app.goo.gl/KxiLmkqjBzm15nrBA

Втората Daytona се цени уште повеќе, меѓу £475,000 и £525,000. Познатата возачка ѕвезда од Леман, Томи Диксон, го купува овој редок Ferrari во 2016 година. Тоа што му дава дополнителна вредност на авотмобилот, покрај тоа што потекнува од ретка серија, е детално водената документација за сопствеништвото, како и за сервисирањето во текот на речиси половина век. Тоа е воедно и основа да се добие сертификат за оригиналност од Маранело. Секако, возилото нема ниту една мана, тоа е во апсолутно беспрекорна состојба. Според организаторите, станува збор за еден од најдобро сочуваните примероци на овој легендарен модел.

https://photos.app.goo.gl/XMAL7jqjTi1bsgzDA

Џеј Кеј коментира околу наддавањето на својот профил на инстаграм (и уште неколку негови автомобили):

https://www.instagram.com/p/B2W5SCtFtYo/

https://www.instagram.com/p/Bz-20k9l7NV/

https://www.instagram.com/p/Bz-20k9l7NV/

https://www.instagram.com/p/Bs5fTbgFQQN/

Претходна објаваСпецијалистот за клипови Mahle прави хибриден погон
Следна објаваНад зградата на Mercedes првпат леташе Volocopter во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here