Дигиталната лабораторија на Skoda повторно е активна. Одделението на Чесите што се занимнава со новите видови на мобилност нуди јавно достапен возен парк од електрични скутери за користење низ Прага. Засега е пробно, една минута изнајмување чини 19 евроценти или околу десетина денари.
Електричните скутери BeRider користат две литиум-јон батерии, поседуваат диодни светла и диск сопирачки напред и назад. Ниската тежина обезбедува лесна управливост, додека големите тркала и стегнатата амортизација се грижат за стабилност. Вообичаено за е-погонот, скутерот поаѓа мошне убедливо. Крајната брзина е 66 km/h, досегот изнесува 70 километри.
Идејата на Skoda е со BeRider да понуди флексибилен и чист превоз во центарот на големите градови. Тоа е воедно и главната задача на новото одделение Skoda DigiLab. Електро-скутерите се очекува да се користат за превоз до работа или за туристички тури низ градот. Секој BeRider е опремен со сензори, кои испраќаат податоци во реално време. Овие податоци може понатаму да се користат за подобрување или проширување на услугата.
https://www.instagram.com/p/B18VUH5DHik/
На воланот се наоѓа држач за мобилен телефон, за туристите да имаат добар преглед до апликацијата за навигација при тури низ градот. Преку УСБ-приклучок може воедно да се полни телефонот или други преносни уреди при возењето.
Најголемата корист во принципот на BeRider е тоа што скутерот по користењето може да се остави на било кое место што одговара. Следниот корисник подоцна ќе го лоцира најблискиот скутерот и ќе може да го стартува користејќи мобилна апликација. Централата во исто време ја следи наполнетоста на батеријата и интервенира.
Услугите за споделување превоз, кои овозможуваат мобилност без штетна емисија и ги почитуват локалните законитости во Прага, ги цениме како мошне позитивен придонес за нашиот град.
Зденек Хриб, градоначалник на Прага
За користење на BeRider е потребно да се преземе апликацијата за iOS или Android. По регистрирањето, апликацијата ги прикажува најблиските скутери. Таа се користи и за отклучување и заклучување на возилото. Двата шлемови се оставаат во куферот по крајот на возењето. Изнајмувањето се наплаќа преку кредитна картичка. Цената по минута изнесува 5 круни или 0,19 евроценти, односно нешто повеќе од 11 денари.
















