Радио Blaupunkt беше една од најпосакуваните работи во кокпитот во 1980-те години, особено моделот Bremen. Германската марка ја враќа легендата во живот, со изглед ист како моделот од 1986 година, но со современа техника во куќиштето.
Додека Blaupunkt Bremen SQR 46 однадвор изгледа исто како оригиналот, радиото располага со дигитален прием, Twin-Connect за поврзување со два паметни телефони, променлива боја на осветлувањето на копчињата и дисплејот, блутут, микрофон. На тоа се надоврзуваат два приклучоци USB, приклучок за надворешен извор и SDHC. Стриминг на музика преку блутут исто така не е проблем за модерниот класичар.
Идејата е Blaupunkt Bremen SQR 46 DAB да се вградува во јангтајмерите, кои моментно уживаат статус на главни ѕвезди на сцената. Максималната моќност изенсува 4 х 50 вати. Постои посебен излез за сабвуфер, како и неколку сетапи на звукот (рок, поп, класика). Цената на германскиот пазар изнесува 450 евра.
https://www.instagram.com/p/BxSI1l8Bbiy/
















