BMW има добиено десетици илјади нарачки за електричното Mini што ќе започне да се испорачува во следната година. Меѓутоа постои проблем. Производството во Оксфорд ќе започне на 1-ви ноември, а тоа е еден ден по планираното излегување на Британците од ЕУ.
BMW има добиено десетици илјади нарачки за електричното Mini, коешто ќе почне да пристига кај сопствениците во текот на следната година. Конкретно од Минхен откриваат дека станува збор за повеќе од 45.000 возачки и возачи што пријавиле интерес за автомобилот на струја.
Иако првиот модел на Mini со погон на струја ќе пристигне во салоните дури во почетокот на следната година, заинтересираните купувачи можат уште сега да се регистрираат и со плаќање аванс да обезбедат примерок од автомобилот. Овој принцип е веќе стандард во браншата, откако прв го воведе Tesla. Во BMW се мошне задоволни од интересот и потврдуваат дека продажбата на E-Mini ќе достигне задоволнително ниво.
Производството во Оксфорд започнува точно на 1-ви септември, а тоа е еден ден по планираното излегување на Британците од ЕУ на 31-ви октомври. Во Минхен потврдуваат дека Брегзит претставува пречка, но производителот е подготвен за сите можни сценарија.
https://www.instagram.com/p/B0lCRFtHp_M/
















