Volkswagen Touareg достигна милионска продукција

Волфсбург прославува еден милион произведени примероци од Volkswagen Touareg со специјалната серија „One Million“. Моделите од оваа серија ќе бидат посебно бојадисани, со внатрешпност во истиот тон и опремени со ексклузивни ставки.

Touareg е дел од моделската понуда на Volkswagen уште од 2002 година. За одбележување на првиот милион примероци, Volkswagen изведе специјална серија со беж боја на каросеријата, со бандажи од 20 или 21 инчи со врвен финиш, затемнети задни светла и значка на средишниот столб со натпис „One Million“. Арките на крилата се лакирани во сјајна црна боја. По желба, може да се додаде и пакет R-Line.

За посебност внатре се грижи кожата на седиштата што доаѓа од врвните италијански мануфактури и бојадисана е со екстракт од листови од маслиново дрво – клучот исто така е обложен со скапа кожа. Горниот дел од предните седишта и облогите на вратите се украсени со дијамантска опшивка во кафена боја. Истиот финиш се среќава и на арматурната табла, на воланот и на рачката на менувачот.

Специјалната серија Volkswagen Touareg One Million стартува од 80.880 евра на германскиот пазар

Ценовникот за Touareg One Million стартува од 80.880 евра на германскиот пазар, за верзијата со V6 TDI со 286 КС. Производството на големиот СУВ се одвива исклучиво во фабриката во Братислава/Словачка, во сите три генерации досега. Во истата фабрика се произведуваат и Audi Q7 и Porsche Cayenne.

https://photos.app.goo.gl/J7xZ3NMhLasDjCHP9

https://photos.app.goo.gl/T6nuBfB8JaKNK3oq9

https://photos.app.goo.gl/skURMNLBBGDr1Acs9

Претходна објаваБерлин затвори осум улици за сообраќај со стари дизели
Следна објаваAudi Q3 стана купе достојно за името Sportback

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here