Audi R8 LMS победи на 24 часа Нирбургринг со 30.000 km на бројчаникот

Audi R8 LMS 30k
Audi R8 LMS 30k

Посебно одделение на Audi е задолжено за приватните тркачи. Тоа им продава тркачки возила и се грижи околу одржувањето, а за возврат, приватните тркачи носат победи за марката Audi. Победничкиот автомобил на годинешниот маратон на Нирбургринг има малку повеќе километри на бројчаникот од обично.

Тркачкиот автомобил Audi R8 LMS со пет победи на 24 часа Нирбургринг требаше одамна да биде заменет со нов. Но, автомобилот за когошто се грижи Audi Sport customer racing ќе победува и натаму, нема потреба од замена. Audi откри еден детал за тркачкото купе со средишно поставен мотор: На бројчаникот пишува дека R8 LMS во минативе две години извозел 29.836 километри. За споредба, тоа одговара на 600.000 километри на нормален автомобил во секојдневно возење.

Првата трка на овој Audi R8 LMS беше пред точно две години, во рамките на Blancpain GT-купот во издржливост, на патеката Ле Кастел. Тогаш возилото се тркаше за Audi Sport Team ISR. Автомобилот во меѓувреме има минато три тестирања и дванаесетпати учествувал во трка, за четири различни тимови. Тука спаѓаат две учества на 24 часа Спа, две на 24 часа Нирбургринг и две на 8 часа Лагуна Сека.

https://photos.app.goo.gl/At3Dc21fKppuA7mg6

Повеќе од 50 проценти од деловите во тркачкиот R8 се исти со серискиот модел; Уште при развојот беше земено предвид дека R8 ќе им се нуди на приватните тркачи – во меѓувреме, сите премиум марки имаат посебни одделенија, кои меѓу другото ја преземаат и организацијата за појавување на трка

Десетцилиндарецот е речиси стандарден. Редовното сервисирање е на 10.000 километри, а ремонт се прави на 20.000 километри. Моторот во „LMS“ постигнува само 487 КС, наспроти 620-те КС на серискиот модел. Тоа е поради ограничувањето на дифузорот според правилникот за мотоспорт за соодветната класа. Audi R8 LMS мора да „изгуби“ од моќноста, затоа што е многу полесен од останатите возила во класата SP9.

По двете победи на Нирбургринг, Audi Sport customer racing сега ќе погрижи да најде купувач за победничкиот автомобил во име на досегашниот сопственик. И тоа спаѓа во обемот на услуги. Километражата ќе продолжи да расте.

Претходна објаваЕкс-дизајнерот на Jaguar отвори сопствено студио
Следна објаваOpel отсега ќе се вози и во Израел

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here