Porsche со виртуелна реалност на задната клупа

porsche holoride
porsche holoride

Како звучи понудата, на задната клупа на Porsche да се доживее лет во вселената? Германската спортска марка, во соработка со стартапот holoride, покажува како во иднина ќе изгледа забавата при патување на задната клупа во Porsche.

Во заедничкиот проект на Porsche и holoride се користат очила за виртуелна реалност, кои се поврзани со сензорите во возилото, за содржината што се прикажува во очилата да се приспособи реално и во вистинско време со движењата во возилото.

Кога Porsche влегува во свијок, на пример, соодветно се менува и правецот на летање на вселенскиот брод во којшто се седи виртуелно. На тој начин се постигнува мошне веродостојно доживување. Добрата вест е што со пристигањето на оваа технологија, класичната мачнина при патување заминува во историјата.

https://photos.app.goo.gl/DqS8YQsFS9yKZacH7

Соработката се одвива во рамките на таканаречениот Стартап-Аутобан. Прототипот за тестирање на технологијата беше развиен за само 100 денови. Планот е holoride во следните три години да го развие софтверот за вградување во возилата од сериско производство.

Porsche ќе им овозможи на посетителите на салонот во Франкфурт, со почеток на 20-ти септември, да ја доживеат новата технологија.

Покрај Porsche, во Стартап-Аутобан учествуваат уште Daimler, Универзитетот Штутгарт, Арена 2036, Hewlett Packard Enterprise, DXC Technology, ZF Friedrichshafen и BASF. Во последните две и пол години, Porsche реализираше повеќе од 60 проекти во рамките на Старап-Аутобан. Една третина од проектите влегува во сериско производство.

https://www.youtube.com/watch?v=DTSwWV7l8b4&feature=youtu.be

Претходна објаваМини-транспортер на струја од германска марка за 11.700 евра
Следна објаваFord на ново место и веќе под полна пареа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here