Трофеј дизајниран од Skoda за победниците на Тур д’Франс

Skoda кристален трофеј тур де франс
Skoda кристален трофеј тур де франс

Учесниците на Тур д’Франс на 28-ми јули ќе ја минат целта на Шампс-Елизе. За победниците во одделните категории е подготвен трофеј од кристално стакло, за чијшто изглед повторно се погрижи дизајнерското одделение на Skoda. Шефот за продажба во чешката марка Алан Фејви ќе ги врачи трофеите.

Видот на брусењето на кристалното стакло се поврзува директно со еден од најпрепознатливите печати на чешките мајстори за кристал, наречен „шпицштајн“ односно „камен со врв“. Малечки квадрати се брусени во форма на пирамида.

Трофеите ќе се изработат во фирмата Lasvit, во соработка со Петер Олах, дизајнер во Skoda. Тие се високи 60 сантиметри и тежат четири килограми, а изработени се од врвен мајстор на свои 75 години, кој ја има усовршено техниката. За секој трофеј биле потребни по три денови работа.

Вака изгледа изработката на кристалните трофеи за Тур дФранс

Најпознатата велосипедска трка во светот, во своето 106-то издание, стартуваше на 6-ти јули во Брисел, во чест на Белгијанецот Еди Меркс, петкратен победник на Тур дФранс.

Skoda годинава по 16-ти пат е главен партнер и добавувач со возила на велосипедскиот маратон.

https://www.instagram.com/p/Byzy_-TI9nu/

Претходна објаваLexus лакиран како крлушки од риба победи на дизајнерски натпревар
Следна објаваМини-транспортер на струја од германска марка за 11.700 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here