Daimler ќе соработува со BMW во автопилотираното возење

mercedes bmw avtonomni vozila
mercedes bmw avtonomni vozila

Daimler потпиша договор со BMW за долгорочна соработка во технологијата за автопилотирано возење. Се очекува новите системи да достигнат сериска зрелост по 2024 година.

Производителите на премиум автомобили Daimler и BMW го потпишаа претходно најавеното партнерство во развојот на технологија за автономно возење. Целта е системите за асистенција, автоматизираното возење по автопат и автоматизираното паркирање да се развиваат заеднички до „Level 4“ – тоа е највисокото ниво на автопилотирано возење, во коешто нема потреба од возач.

Производителите на автомобили доцнат во автономното возење. Таму се главни софтверските концерни, како Waymo, Mobileye или Apple. Поради тоа, автомобилските концерни мораат да се здружуваат на ова поле.

Можно е соработката во иднина да прерасне во заедничка платформа за автоматизирано возење. Отворен е пристапот за други партнери, а останатите производители ќе можат под лиценца да ја преземаат техниката.

Технологијата ќе стои на располагање за возилата на Mercedes и BMW по 2024 година. Партнерството вклучува 1.200 експерти од обете претпријатија, кои најчесто ќе работат во мешани тимови. Тие ќе развиваат неколку степени на системи за асистенција, вклучувајќи сензори. Податоците ќе бидат опфатени во заеднички компјутерски центар, кадешто ќе се програмира и потребниот софтвер.

Претходна објаваRadical најрадикално: Новиот болид за улица е Rapture
Следна објаваТркачки Ford GT што не смее да вози на трка и чини 1,2 милион долари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here