Кога автомобилот треба да се обвитка со фолија, Porsche сака да биде прв избор за возачите. На посебна веб-страница може да се испроба личната замисла или да се побара помош од уметник, за потоа да следи и нарачка за изработка. Квалитетот е загарантиран, но и цените се на ниво.
Porsche им дава „втора кожа“ на автомобилите. Секој може да си ја испроба сопствената креативност на веб-страницата преку којашто спортската марка ја нуди својата нова услуга, обвиткување на возилата со фолија. Може да се испробаат и бои што Porsche не ги нуди во својата палета. Кој сака креативната работа да им ја препушти на други, „Second Skin“ соработува со познати уметници, дизајнерски студија, сервиси за фолирање и производители на винилни бои.

Дизајнирањето и нарачката се одвива целосно преку веб-страницата „Second Skin“. Porsche ќе ја рекламира својата нова услуга за време на 24 часа Леман, викендов на 15-ти и 16-ти јуни. Приватен тим со Porsche 911 RSR ќе вози со дизајн на Ричард Филипс, познат поп-артист од Њујорк.
Веб-страницата www.secondskin.design започнува со работа во јули, нарачка може да се направи уште сега. Не постои ограничување само на возила од марката Porsche, но нема ограничувања ниту во цената. Цело возило да се обвитка со фолија чини најмалку 4.000 евра.
Porsche, трите милиони пчели и турбо-медот
Со Porsche до Галичник: Знаат ли овие автомобили за ограничувања?
Porsche до перфекција: Свежо печатени прирачници за олдтајмерите
Porsche 911 Speedster оди во серија од 1.948 примероци
















